Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ќе признам дека ќе погрешам ако не ставам 1 играч за клоцање пред Рашфорд, сите го знаеме кој е немора да го именувам. Повеќе штета ни прави од што видовме нешто позитивно.
 
Тен Хаг веројатно е менаџерот со најлош ин гејм менаџмент кој бил во Јунајтед.

Реално, тешко е да му се најде силна страна на Тен Хаг. После скоро две години на клупата, Јунајтед нема никаква физиономија на играта, никаков концепт. И згора на се, 2/3 од засилувањата кој сам си ги побара се промашени.
 
Така е кога нема да реализираш зицери, нема вечно да промашуваат Волфс. Требаше 0-4 да биде во прво полувреме.
Во форма тим 8 или 9 ќе им увалеше брз никаков проблем.
 
Ај Хојлунд млад бил ама на вакви утакмици се билда самодоверба многу зицери промаши, Фернандес исто многу промаши и многу топки промаши и тоа е години на назад се прави и им се удира од глава
 
Ај Хојлунд млад бил ама на вакви утакмици се билда самодоверба многу зицери промаши, Фернандес исто многу промаши и многу топки промаши и тоа е години на назад се прави и им се удира од глава

Еден зицер промаши, кои многу зицери?
 
Еден зицер промаши, кои многу зицери?
Ја мислам дека барем два имаше еден прво и еден второ, па и еден да е д аигравме нерешено и тоа многу ќе беше. Брат Волвс е не е Ливерпул или Сити или Арсенал
 
Сеедно против кој играме, дали Премиер или со петтолигаш, мора драми да е до сам крај. Неверојатно.
Очекувано беше дека на толку неискористени шанси ќе стигне казна.
 
Ќе признам дека ќе погрешам ако не ставам 1 играч за клоцање пред Рашфорд, сите го знаеме кој е немора да го именувам. Повеќе штета ни прави од што видовме нешто позитивно.

Не си прај бајрам со умот, Рашфорд НИКОГАШ нема да го продадат.
 
Не си прај бајрам со умот, Рашфорд НИКОГАШ нема да го продадат.
Абе јасно е дека е дете на клубот иим носи фан база од инцестите у Англија, али ако сакамо да напредуваме мора да се ослободиме од играчи како него.
 
И да не остане незабележано, Онана денеска повторно направи огромен кикс. Среќа за него, Мартинез го спаси овој пат.

И на вториот гол реагираше лошо, ама тука и Мејно можеше подобро да реагира.
 
Некои од работиве што го прават играчиве на терен се да фатиш и да ги млатиш на терен. Гарначо и Ентони дриблајки изгубија топка, Волфс добија корнер од таа топка, 2-3. И не беше само таа топка, едно 4-5 пати дадоа посед последните 10 минути.

Водиш 2-3, на терен имаш 2-ца централни бекови кои се движат како танкери, и ти во 95-та минута ги гледаш како трчаат напред, да дадат гол од корна. Им требаат тачно 157 секунди да се вратат од едниот до другиот гол. Нормално, во полуконтра, примаат гол за 3-3, зашто кај ке се вратат да покријат на време.

Бруно тиква недоделкана, на 2-3 место да игра краток пас од корна, или да држи време кај корнер знаменцето, или иде да финишира акција, или набацува. Нормално, отвара шанса и им враќа посед на противникот.

Тренеров, место на 1-3 да пушти уште 2-ца во одбрана, и да го пушти Ериксен кој има пас игра, и може да диктира темпо и да задржи топка, прави измена откако примија гол за 2-3, со тоа што Ентони го стави на лево крило каде што во живот нема играно, нити пак знае да задржи топка, а Гарначо и понатака на неговата неприродна позиција. Нормално, изгубија милион топки играјки вака.

Гледаш и си велиш, па дали е можно секоја одлука да е погрешна и никој да не забележува на терен дека сами на себе си прават проблеми?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom