Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Сакаш да кажеш дека ќе беше супер потег кај се мачиме да ги продадеме Џонс, Смолинг, ојле, дојле, да требаше купци да бараме и за Вилијан и Перишиќ (не инсинуирам дека ќе беа лоши играчи туку дека не се стил на Оле)?
Не паметна работа му е што не ги доведе Перишиќ и Вилијам за огромни суми што беа барани во тоа времеи не дозволи Марсијал да си оди .
 
На цело кукање за Вудвард, човекот им ги исполна сите желби на сите менаџери на Манчестер, со исклучок на Мурињо кој со односот кон клубот и не заслужи ништо. Тоа што менаџерите беа малку дебилни и не знае што сакаат и кого сакаат, не е проблем на Вудвард. Човекот испеа да му го украде Санчез на Сити пред нос, во трампа со Михтаријан. Дали е Вудвард крив што Санчез потоа стана флоп на векот?

Лани требаше одбрана, дојдоа Мегваер и ван Бисака, топ трансфери. За Бруно се завлечка рабоатат една полусезона, ама мислам дека се двоумеа околу него, затоа што да бидеме реални никој не очекуваше ваков импакт од него. (Освен @Rick.Utd. , извини многу)

Не се сомневам дека и Санчо ќе го донесе, и не ми менува ништо дали ќе го земат денес или ќе се влечкаат два месеци. 100+ милиони се во прашање, нормално дека ќе се преговара и ценка со ФК Излог.

Далеку од тоа дека им ги исполнил сите желби на менаџерите. На Мојс му го донесе Фелаини во 5 до 12 откако го извисија Бејл, Фабрегас, Крос итн.

Ван Гал повеќе пати изјави дека играчите што му ги носеле биле подоле на листата, 3ти опции.

Единствено на Мурињо му се исполнуваа желбите (и сега на Оле може да се каже) со исклучок на 3тото лето. Му донесоа штопер, Погба, Ибра, Мики, уште еден штопер, Лукаку, Матиќ, Алексис и на крај братот бараше 3 штопер во 3 години. :D
 
Ни го зачукаа поштено.
Ед ако читаш, дај си отказ и врати се во комерцијална.
 
А кај беше овој Харис да го пише ова пред недела две? Освен Романо тешко некој друг да има реални информации што се случува. Поверна ми е дискусијата на Оле и Матиќ вчера. До петти октомври е трансфер периодот иако врапците на гранка знаат дека што побрзо, подобро.
 
Е да ама до 5ти Октомври Санчо може и 140м да стане
Колку што ние сакаме да купиме толку и тие сакаат да продадат. Проблемот е што сакаат повеќе пари однапред.
 
Моментално ко дете за сладолед плачеме. Реални да бидеме бараш ламбо а имаш пари за пежо, и се лутиш зошто не ја намалат цената на ламбото.
Ептен влашка работа. Па и други клубови се откажаа од Санчо дека немаат пари толку за фрлање.

Туку не врзано со ова осеќам дека ќе се искешираат пак и дека Санчо ќе биде наш фудбалер, само не сфаќам зошто ствараат годиниве ваков имиџ на клубот т.е. сметам дека нема потреба за ова, како што кажа Видук мислам пред некоја страна ислеширај го и овој нека го биде и костур имаш нема потреба да кешираш натаму.
 
Не е влашка работа у прашање, нејкат цел буџет да го лупнат на еден играч, кога очигледно се потребни други.
 
Screenshot_20200810-200628_Man Utd.jpg

Баталете Санчо треба да се фокираме на утакмицата
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom