Одигравме предобар меч кој штета не го завршивме со 5+.
Можеби затоа што победава ми влева малку позитивна клима (настрана што сезонава ќе бидеме падни-стани), но мислам дека Оле ако ги искористи правилно наредните 2-3 преодни рока може да направи одличен тим.
Денес преимпресиониран сум од Брендон...можеби игра под висока мотивација што му носи плус во играта, но и дефанзивно и офанзивно носи вистински одлуки (освен последниот пас кога го имаше чист Рашфорд). Лук Шо треба да се подзамисли малку и доколку сум на место на Оле пополека би му давал што повеќе шанса на детето. Засега е откритие според мене. АВБ е класа, Мегваер е исто солиден и мислам дека најслаба алка во моментов дефанзивно е Линделоф кој почнува да ми оди под живци. Нека се врати Туанзебе и би сакал да го видам стартер до Мегваер на неколку натпревари.
По средина Фред-МекТоминеј мислам дека се оформуваат како солиден пар. Фред сум го критикувал и има низа недостатоци во неговата игра, но од меч на меч се гледа дека се разбираат со МекТоминеј се повеќе. До крај на сезона ќе видиме што ќе биде од него. МекТоминеј е најдобриот поединец и според мене иден капитен на тимов - има се што треба да поседува еден таков играч. Се надевам дека е ситна повреда во прашање само.
Најмногу ме радува што Џејмс полека се пронаоѓа се повеќе и по десната страна и изгледаме солидно офанзивно после долго време по таа страна. Има сенс кога да проигра, кога да втрча. И на мечот со Ливерпул му даде топ пас на Рашфорд, потоа со Норич, денес 2 топ топки му даде и тоа ми влева надеж. Лево Рашфорд одига исто солиден меч. Переира се гледа дека на 10ка е друг играч и за таа позиција би бил одличен бекап играч, само треба да намали малку на себичењето. Марсиал е друга класа...на мал простор прави чуда и најмногу ме радува што одлично комбинираат со Рашфорд и Џејмс.
По враќањето на Погба не би ги чепкал Фред и МекТоминеј, туку директно го редам на 10ка на местото на Переира и мислам дека ќе бидеме уште поубиствени во форот.
За жал ова ни се најдобрите 11 и сме тенки на клупата и тоа ќе биде клучот за тоа каде ќе завршиме на крајот на сезоната.