Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

За Депај и Шнајдерлин некако ќе разберам, ама доколку го изгубиме Марсијал ради некоја глупост на Мурињо, менаџер кој што мислам дека нема многу да се задржи во клубов, нека се гони у три лепе. Дали може некако клубов да застане некад на страната на играчиве, сепак неможат сите наредни тренери да ги третираат како Фергусон и да им ја даваат таа слобода. Некој тренер ќе остане само 1 година, а за таа година можеш многу да изгубиш. Ја разбирам да има слобода во доведување на играчи, нешто што го немал во предходните клубови, ама да си игра со иднината на клубот не може.
 
Мурињо ги избркал децата што ги собираат топките на утакмиците пошо бавно ја враќале топката во игра и стаил фудбалери од академијата.
 
Марсијал игра топло ладно годинава што е факт. Исто така тоа е и нормално според мене за играч на негови години, но сепак Мурињо неколкупати нагласи дека бара да го слуша него, а не неговите агенти и очигледно е дека има некоја ситуација за која ние не сме запознати како што треба, но како и да е според мене Мурињо е авторитетот на тимов во моментов и доколку сакаме да личиме на тим и сега и во иднина поготово со оглед на тоа што имаме позитивни резултати со Мурињо, треба да се почитува неговиот збор. Сигурно не е нешто туку-така.

Еден Руни кој е капитен и има историја во клубов може да биде седнат на клупа и да молчи. На времето и еден Бекам и РВН се правеле мангупи па го јаделе скалпот, не пак Марсијал кој треба фурни уште да јади и да враќа со позитивни настапи за сумата за која е платен.

Јас сум на страна на менаџерот зошто и да му се допушти такво однесување на Марсијал сега, утре ќе го повтори пак, а би се појавил и друг со истото однесување.

Инаку читам нешто за Гуедеш од Бенфика, има нешто или патки се?
 
Patki se, kolku sto citav odamna e kaparisan od PSG.
 
3C74F0E000000578-4151328-image-a-26_1485257010691.jpg
 
Јанг побарал да иде на позајмница оти му се играло.Ако више си иде нека биде фул трансфер.Инаку не знам колку е точна информацијава, ја видов на фб страната на Full Time Devils.
Паметен дечко е он, од 120к неделно никој не се откажува туку така.
 
Доста беше слика од Варди на фан клуб Манчестер Јунајтед :P
 
Има шпекулации дека Олд Трафорд ке биде надграден, и ке биде скоро како Вембли по бројот на седишта, и ке е втор најголем стадион во Европа, по Камп Ноу.
 
Има шпекулации дека Олд Трафорд ке биде надграден, и ке биде скоро како Вембли по бројот на седишта, и ке е втор најголем стадион во Европа, по Камп Ноу.
Исто и дека капацитетот ќе биде намален за 2600 седишта. Добро не шпекулации туку веќе конечна одлука. Односно од нешто над 75,000 ќе биде намален на 73,000, со цел да го надградат капацитетот за инвалидизираните лица.
 
Исто и дека капацитетот ќе биде намален за 2600 седишта. Добро не шпекулации туку веќе конечна одлука. Односно од нешто над 75,000 ќе биде намален на 73,000, со цел да го надградат капацитетот за инвалидизираните лица.
Друго е ова твоево, дел од реновирањето на стадионот ќе биде кое ќе ја опфати и надградбата. Го решиле проблемот со пругата, ќе извеле зафати да направат некаков тунел, што и да пишуваше подетално и ОТ ќе собира 88,000.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom