Не изигра ништо помалку туку напротив изигра повеќе од тоа што на пример го изигра Марсијал, Фелаини или Ерера! Згора на тоа и гол даде, човекот знае да се најде на вистинско место во вистинско време и ете го реши мечот, се до тој момент беше напната ситуација при 1-0. Исто и зицерот по пасот на Ибра, иако ја шутна в голман, што е и очекувано пошто немаше време да се намести бедејќи како што кажа некој погоре имаше човек на грб кој притоа го издржа. Проба да изнуди пенал не наседна судијата, тоа е. Претходно изнудил еден куп такви пенали.
Ај сега ти кажи ми мене, да не си заглавен во 2008?? Пошто 2016та сме, Руни за брзо ќе има 31г и фала богу дека не е истиот тој Руни кој ораше пред себе кога имаше 20. Кој темперамент го барате?? На 30 години фамилијарен, зрел човек, татко на три деца, барате да има темперамент како кога имаше 18г?
И еве да не испадне дека само јас тврдоглаво го бранам, кој го гледаше МОТД ваљда слушна дека го пофалија за изиграното, ама за вас овде само врска нема.
Очигледно до вас е проблемов, како неможете да согледате некои работи. Веќе 2 сезони Руни ви е крив за се негативно во играва, било да е тоа оправдано или не, битно мора по него да се плукни барем еднаш секоја утакмица.
На прва ја шутираше значи. Имаш шутнато топка на прва? Многу е полесно да ја крениш горе, но многу е потешко да успееш во тоа а да не заврши во 43 ред на трибина.
И не ми се верува дека дискутираме овде за ситуации кои во реалноста се решаваат во милисекунди. Можеби да имаше шанса Руни да изгледа репетиција од шутот пред да ја шутне, ќе го сменеше шутот. Многу е полесно да коментираш од кога ќе помини моментот. Оди играј да те видам.