Rooney's Temper
in front of Old Trafford
Колку глупа сага (полоша од онаа помеѓу Барца и Арсенал за Цеск) е оваа за Тиаго. Спорт (најблискиот весник до управата на Барца) пренесува дека тој веќе одлучил наредната сезона да настапува во дресот на Манчестер и дека само треба Барца и Ман.Утд да се договорат за цената на трансферот бидејќи има некои глупости со даноци.
Ние како клуб имаме три опции моментално за Тиаго. Прва, да преговараме со Барселона за да се најдеме на пола пат и да се договориме за сума со што Јунајтед би избегнал плаќање на дополнителен данок, а за возврат на Барса прва да и се понуди играчот доколку се продава. Второ, Барса да се жилави, а Јунајтед да не сака да го плати данокот и играчот да оди во Баерн или да остане во Шпанија и трето Барса да се жилави, а Јунајтед да ја плати клаузулата и дополнителниот данок и да го земат Тиаго.
П.С. Четврта опција, Пике и Пујол да го киднапираат Тиаго и да исчезнат до 1-ви август кога клаузулата рипа пак на 90м.