Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не не, не стамина туку снага. А Керик не е толку брз за да се надополнува во таквиот фудбал.
 
Значи која разлика прави Сколс тоа е чудо, амин веќе таков играч.. :(

СКОЛС И СЕ Е КАКО ПОДМАЧКАНО.. :pos:
За џабе не викаат :
when in doubt pass to scholes
pass-to-scholes-red-m.png
 
Кагава е еден од најопасните играчи во светот, кога е завртен со лице кон противничкиот гол ....
Значи, дава топки во поле кои Руни и Ван Перси сигурно би ги претварале во гол...
Сите што случајно не сте го гледале во Германија, побарајте клипови на Јутјуб со негови асистенции...

Би ви препорачал да ја прегледате уште еднаш утакмицата со Галатасарај, што правеа Нани и Кагава кога играа на прва, како проигруваа меѓу себе ....
Поминуваа во 2-3 допири цела турска одбрана ...

Кагава мислам дека ке игра многу подобро доколку зад него има поагресивен дефанзивен мидфилдер, Андерсон на пример ...
Со Керик некако не се надополнуваат ...И да, се согласувам, му треба стамина на Кагава...

Ниту пак ги разбрав последните измени на Фергусон, вади средишен играч, пушта напаѓач, на резултат 1-2...

Го извади Кагава, го стави Чичарито со тоа што РвП ја презеде улогата на Кагава. А за Рафаел место Велбек, тогаш Велбек отиде на крило а Валенсија бек.
--- надополнето: 23 септември 2012 во 21:27 ---
А болело кога ќе се изгуби со судиска одлука а? Е нека боли, болеше и кога ги поштеди Дауд од црвени картони кога им влегоа и на Рафаел и на Нани, можеше титулата да ја изгубиме таму, само што за разлика од тогаш сега опстанокот е битен :icon_lol: Затоа сега, еnjoy the show :ROFLMAO:
 

За Рафаел ми е мене повеќе мерак :)

Евра си играше солидно, мислам дека и атмосферата го крена, Рафаел и Рио беа вистински војници денес, првиов играше како вистински маж, вториов беше командант денес на одбраната, сите дуели ги доби и сите што пред 2-3 недели рекоа Рио да се пензионирал зошто изгубил осет за фудбал мислам дека сега се осеќаат многу грдо :icon_mrgr:

Против Њукасл да се избацат од игра Рафаел, Фердинанд, Евра, Керик, Сколс, Валенсија, РвП, Кагава. И Видиќ ќе го ставев тука ама уште тој треба да собира кондиција. Вака нешто би искочила во купов

Де Геа; Весели/Вермајл - Вутон - Видиќ - Бутнер; Брејди, Петручи, Клеверли, Велбек; Лингард, Енрикез/Ернандез
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom