Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Се над 45 евра друже се царини, можеш ДХЛ да ги ополномоштиш или преку шпедиција да си го земеш, горе-доле исти се давачките. Јас кога ја правев последната нарачка истото ми го пишаа, ама работното место ми е такво што доста време сум во контакт со шпедиции па со добар попуст ми ја земаа нарачката. Најисплатливо е или нешто до 45 евра или 2-3 луѓе да порачаат па да се делат давачките.

П.С. Ти е гајле си зема ваучер од 5 фунти за наредна нарачка ;)
 
Нарачка на дрес од Манчестер Јунајтед!
Здраво дечки можеби добар дел од вас се добро запознаени но сепак еве ќе споделам. Нарачав дрес од официјаланата страна на Јунајтед, гостинскиот бел дрес што неодамна го промовираа. Дресот чини 45.83 фунти и шипинг плус 11.33 фунти, што вкупно изнесува 57.16 фунти. Испораката брза за 1-4 работни дена и така и стигна. Ми се јавија дека имам пратка и дека можам да ја отпочнам процедурата. Дека ми е потребен шпедитор да поднесе документи за царинска постапка. Ми испратија се што е потребно да отпочне процедурата: полномошно во 3 примерока, копија лична карта, превод на фактурата(доста смешно) изјава ...Давачките за процедурата се вака: Складишнина - 453 ден; Подготовка и поднесување на ДЕД - 454 ден ; Изработка на ЕЦД - 2478 ден ; царински давачки - 1690 ден. или вкупно - 5075 ден.
Дресот ме чинеше 9575 ден.
Ако не го цариниш во рок од 20 дена ти следува казна од 300 евра во денарска противвредност
Каде тоа ние живееме и грабеж е во врска со давачките кон државата.
Сепак на крај дресот е убав и драго ми е што го имам.
GGMU идеме на 20-та титула. Поздрав!
И мене ми се случи истото!
 
И кај мене дава хиероглифи затоа те прашав дали е тој.:)

Бујрум Гоше, дирек на дресот од Манчестер Јунајтед.

http://www.bangkokjersey.com/index.php?route=product/category&path=20_43
--- надополнето: 31 јули 2012 во 12:38 ---
Пардон, ќе ојш на тотенхем и таму ќе ти излезет дресојте од манчестер :O :D:D

2dak85z.png
 
Ууу какво крадење ова со дресов :eek: Јас колку пати се мислев да земам нешто ама се поради вакви работи се премислував...среќа..:unsure:
 

Пред да се повреди на 2 - 3 месеци и пред да отиде во Антверп ни беше најдобар стрелец за У18 на секој меч даваше гол, еве му шанса да одработи добра позајмица во Шефилд и да се врати спремен за борба со Вил Кин за место во тимот.
--- надополнето: 31 јули 2012 во 20:19 ---
И да ќе заборавев, Ферги верува дека Чичарито ќе има многу добра сезона бидејќи оваа му е прва сезона на Чича на која не игра фудбал преку лето мислам на СП, Златен Куп и слични претставувања на неговата репрезентација. Тотално се согласувам со Ферги и сакам сезонава Чичарито да добие малце повеќе минутажа од минатата, ја искористи скоро секоја минута што ја играше и имаше 10+ голови што не е воопшто лошо а и одлично функционира со Руни. Исто Ферги изјавил дека за следниве 3 пријателски ќе се игра со најакиот тим и во тимот ќе бидат и играчите што беа на ЕП.
 
30 dolari negde sose dostava, tuka koga stigna samo 100 den postarina plativ.
За оригинал се работи? Јас земам од официјална без бројка/име за да не кревам цена :( Оти на царина сатарот го маваат. Запамтете за во иднина, над 45 евра не правете нарачка, оти над 45 се активира царината, па на тоа и 18% ДДВ.
 
За оригинал се работи? Јас земам од официјална без бројка/име за да не кревам цена :( Оти на царина сатарот го маваат. Запамтете за во иднина, над 45 евра не правете нарачка, оти над 45 се активира царината, па на тоа и 18% ДДВ.

Па сеа сите обележја си ги има дресот, ти кажувам, се пере у машина без проблем (ќе го перам на рака, аха, сигурно), боја не пушта, ништо му се нема скинато ниту отпарано. Како сакаш ако ти е меракот за од официјална земи за од таму :) И јас би зела од таму али пари на македонска царина не давам па што сака нека е. Со тие пари во UK ќе појдам и ќе земам.
 
A од кога е ова со царини, ддв и така натаму ? До минатата сезона, секоја година си порачував од сторот на Јунајтед, и ми стигаше до врата, без ниту денар да платам освен од сторот што бараат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom