Очај, срам, беда. Јас не знам како не им е срам да излегуваат да играат, при толкави плати а црепој... малку IQ да имаа че смислеа некоја акција итн, заеби тренерите, дискутабилно е.
Па јас да сум ко капитенов че зборнам со менаџментот да си намалиме ако ништо плати во знак на то што абер немаат.
Два пати прокоцкуваш водство од 2 гола разлика, 3 гола примаш од Галатасарај и тоа какви глупи голови. Епа не заслужуваат да одат понатаму со овие мизерии.
Де Геа го сереа ако направеше 1-2 онакви пропусти во сезона во последно. Братот Онана ги има по две на утакмица. Фати некоја форма, одбрани добри топки во ПЛ, ама повторно се врати на киксовите и тоа кога најмалце требаше.
Брука. Срам. Не постои друг збор за овие. Онана. Каква очајна претстава. Какви голови прими. Уште у први минути се виде дека ќе прави циркузи. Одбраната. Абе од општинска лига да собереш играчи подобро и попожртвувано ќе изиграат. Средина мизерија исто. Толкаво незалагања во дефанзива не сум видел до сега. Абе кратери се оставаа, никој не се враќаше, се влечеа по терен ко црева. Нападот, трагикомичен, иако дадовме 3 гола. Какви беа оние контри цело второ полувреме? Идат у контра 3 на 3 или 4-3 и шутираат од 20 метри. Абе проста контра не можат да реализираат со игач плус. Мора секој нареден играч што ќе се носи да има коефициент на интелигенција повисок од 130, колку толку да се направи баланс. Ова сега што го имаме е пренеинтелигентно се. Да имаат 100 добри одлуки и 1 лоша, они секогаш ќе ја изберат лошата.
Нема веќе зошто да го штитиме, реално мора да са каже дека Онана е апсолутно број еден кривец за резултатите во ЛШ. Не памтам до сега така да не има оскатено некој.
Исто така мора да напоменам дека Бруно е страшно неинтелигентен фудбалер. Колку добро знае да направи, толку и глупости прави. Со него како лидер на тимот тука ни е лимитот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.