Последниве 2 сезнони ти се доказ кој е подобар. За во иднина ќе видиме. Поготово прошлава сезона. Мек Алистер беше топ 3 на негова позиција.Само Оденгард и Гундоган бе подобри од него. И што е најважно, се гледа огромен напредок во последниве две сезони. Кај Маунт има стагнација, во години кога треба да напредува, е сега колку ќе успее Тен Хаг да го врати на права патека, дај боже да успее, со Рашфорд покажа дека може. 250000 почетна плата за Маунт е преплаќање огромно. Автоматски ти станува еден од најплатените у тим, покрај Рашфорд, Бруно, Санчо

. У старт клубот е ставен у неповолна ситуација да ако изигра 2-3 сезони добри, да мора даму даде 300000+ неделно со нов договор, а ако не се покаже нема да може да го продаде пошто таква плата нема никој да му даде.
Не може да ти биде паметна одлука, играч ко Де Геа, да ти иде без пари и да не си го планирал во тим, не можеш да си дозволиш еден од ретките од кои можеш да извадиш пристојни пари да ти отиде без пари. Не можеш у јуни и јули ти како сериозен клуб да се занимаваш со продужување на договори, наместо со трансфери. Самото тоа што сега преговараат за нови договори со играчите ти покажува дали нешто се сменило.
Дека беше преплатен Де Геа е факт, али таквиот договор дојде поради тоа што он беше единствената светла точка и единственото позитивно нешто во Јунајтед. Човекот беше опкружен со циркузанти и е единствената причина поради која Јунајтед не допре поголемо дно во последниве 10 години.