Баш напротив, јас мислам дека има играчи за тој систем. Имаме четири штопери добри со топка, бековите ни се офанзивни, со исклучок на Бисака, но можат да играат пресинг. На средина Фред исто може да игра добар пресинг, трча ко коњ, Мек Томинеј исто очекувам да биде добар. Секако дур не се донесе подобар од нив на ДМ. Дони дефинитивно може да се вклопи супер у тој ситем. У Ајакс беше во таков систем. Бруно исто до сега ми остави впечаток дека би се вклопил во таков систем. Санчо во Дортмунд беше во таков систем. Гринвуд, а поготово Рашфорд би биле супер, имаат брзина, поготово вториов, осет да втрчаат во фор, со дисциплина би ги средил Рагник. Ронално е едини кој ќе има проблем со пресинг, али од тоа што го изгледав од некои видеа, можда ќе може да се вклопи, пошто пресингот на Рагник не е дирекно на играчи туку повеќе е покривање на мал простор и смалување на опциите за пас на противникот.
Нормално, на почеток не треба да се очекуваат чуда, треба време да се воиграат и навикнат повеќето на тој систем. Очекувам доста грешки, кои се нормални. Тоа му се дешаваше и на Ливерпул кога дојде Клоп, иако они веќе функционираа во некој сличен систем со Роџерс. Доста климави резултати имаа. Тоа е за очекување и кај нас. Први позиции кои очекувам да се засилат се ДМ и десен бек. Од играчиве мислам најтешко за навикнување на системов би им било на Марсијал (иако едно време играше доста добар пресинг), Матиќ и Погба можда. Матиќ нема шанси да се носи со тоа темпо, а Погба некако не ми се поклопува како тип на играч за таков стил, од досега прикажаното. Кај останатите очекувам напредок и привикнување на системот. Се надевем дека на кој и да не му се допаѓа ваквиот начин на игра, со могу трчање, брзи пасови, пресинг, ќе му ја покажат вратата. Сега ќе видиме Рашфорд и Гринвуд дали се материјал за топ клуб или нивната мрза, незаинтресираност, уфилманост дека се Меси и Ронално, па нема потреба они да трчаат, да покриваат во дефанзива, да помагаат, ќе им пресуди.