Разочарувачки е да се изгуби во последната секунда, но тоа е, дремеа нашите цела утакмица, одбрани ВДС 200 топки, па ќе имаат среќа и Баерн еднаш. Не ми е јасно како можеа 4ца дефанзивци да се изглупираат на таков начин, и да дојде Олиќ од никаде да си даде најкомотен гол...типував 1:2 и колку само требаше Видиќ да го реши натпреварот...погребани ќе беа уште на Алианц али, средниот ред освен Флечер другите гледаа, Гери Невил аматерски потег со раката, па топката од слободниот удар помина милиметарски точно покрај стативата. Не дека немаа шанси, беше подобар Баерн, но мое мислење е дека и 2та гола им беа на среќа.
Парк, Керик, Сколс и Нани уопште не беа добри според мене, и најмногу се нервирав шо цело време им дозволуваа да игра Баерн. Па колку и да не ги бива, прават акции 80 минутим ќе ти даат каков таков гол. Ферги сакаше на 0:1 да ги реши уште дома, али одма после измените примивме гол, и после беше друга математиката. Валенсија, Нани, Бербатов, Руни, Гигс...среден ред ќе брани Флечер сам, да. Тука добија игра Баерн, внесоа и они некоја тиква у напад, но сепак имаа среќа. Не ми е уопште жал за поразот, туку само за Руни. Доколку беше здрав ќе следуваше торпедо на ОТ, но сега нека прави Ферги тактики, па нека победи. У последна секунда примаме гол и губиме и се повредува Руни. Глеам еден куп стручњаци од другите фан клубови, специјалисти доктори, ќе пукнат од радост што нема да игра Руни. Ај сиктер гледајте си ги вашите пропаднати екипи, шо ги нема нигде у Европа. За недела дена очекувам победа на Олд Трафорд, па кој сака нека игра у напад. Ќе кажам само браво за ВДС и Флечер, изиграа ѕверски.
