Манчестер Јунајтед огорчени на ФА поради Џерард
Англискиот фудбалски сојуз ФА не го казни капитенот на Ливерпул Стивен Џерард, откако овој со лактот го удри играчот на Портсмут, Михаел Браун во нивниот меѓусебен дуел кој беше одигран во понеделникот кој Ливерпул го доби со 4:1. На Џерард му се закануваше суспензија од три меча неиграње, со кои би го пропуштил големото дерби во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед кое е закажано за 21-ви март. ФА ја прегледа синмката на која јасно се гледа удирањето ан Стивен Џерард, но притоа го испитаа и судијата на дуелот Стјуарт Атвел, кој за време на мечот не го виде овој инцидент и не му покажа картон на Џерард. Во Манчестер Јунајтед се огорчени бидејќи и нив им се случи истото оваа сезона.
Имено ФА го казни Рио Фердинанд поради удирање на противничкиот играч на Хал Крис Фаган во мечот од 23-то коло во Премиер лигата. Иако најавија жалба и со тоа да ризикуваат поголема казна, Фердинанд доби три меча суспензија поради признавање на сопствената грешка. Но клубот од Манчестер е лут поради тоа што не е "еднаков судот спрема сите", а Џерард не е ниту казнет ниту ќе се извини, ниту ќе претрпи некоја казна поради инцидентот кој е истиот што го направи и Рио Фердинанд.