Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ваљда мислеше слика од маичката каква е... е сега мене ме има на списокот за пријавени или? Пошто ќе идам у недела у Шенклис, па да се подновам и јас :pos:

Да, да слики од маичките после уткмица у недела, до тогаш ни ја точно не знам како ќе изгледаат. Иначе ако беше со Милан у Шенклис, тогаш ќе те има на список или ако некој порачал у твое име.
 
Кој ќе иде накај Шенклис, нека се пријавува од сеа да знаеме кои сме како сме.Се одлучивте ли струмичане?

едит: Confirmation - Owen Hargreaves starts for United Reserves tonight. :vozbud:

Team: Zieler, Brown, Dudgeon, Wootton, Gill, Evans, Hargreaves, Possebon, Norwood, Stewart, Brandy
 
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈАТЕД - Ливерпул следење во живо

Изволте слика од пред натпреварот :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

13293_1371281369380_1452125593_30949989_7948318_n.jpg

Еве и линк од натпреварот http://www.justin.tv/vip__tv#r=eRsVUvE~
 
Ја се пријавувам за во Шенклис :D
 
Јас плус двајца што не се членови на кајгана ке одиме во Шенклис

Една молба , гледам дека ги ставате линковите за даулоуд на головите и тоа во добра резлолуција, ако не ви е тешко ке може ли да се направи еден пост со линкови на сите голови од оваа сезона.

Фала однапред/
 
Добар беше харгрејвс прво полувреме?

Неможев да гледам,се вклучвам сеа на второ, еве гледам посебон и тој излегоа....ќе го гледаме Ајозе кој е еден од поперспективните таленти :)

едит :
Многу добра акција за 2-0...
Предводена од Бренди,која најпрво ја одзеде топката ,потоа одлично се движеше во форот напред до работ на шеснаесетникот...топка до Ајозе кој претходно го споменав, а овој одлична асистенција до Кори Еванс...и голллл :)

***********************

И ние не сме салам шо гледаме ама ај....

Ај побрзо нека дојди недела да ги тепаме лузерпул оти тежина на срцево имам .. :)
 
Луге дајте некое инфо за играта на Харго,не сум во можност да го следам натпреварот.

Манчестер Јунајтед огорчени на ФА поради Џерард

Англискиот фудбалски сојуз ФА не го казни капитенот на Ливерпул Стивен Џерард, откако овој со лактот го удри играчот на Портсмут, Михаел Браун во нивниот меѓусебен дуел кој беше одигран во понеделникот кој Ливерпул го доби со 4:1. На Џерард му се закануваше суспензија од три меча неиграње, со кои би го пропуштил големото дерби во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед кое е закажано за 21-ви март. ФА ја прегледа синмката на која јасно се гледа удирањето ан Стивен Џерард, но притоа го испитаа и судијата на дуелот Стјуарт Атвел, кој за време на мечот не го виде овој инцидент и не му покажа картон на Џерард. Во Манчестер Јунајтед се огорчени бидејќи и нив им се случи истото оваа сезона.

Имено ФА го казни Рио Фердинанд поради удирање на противничкиот играч на Хал Крис Фаган во мечот од 23-то коло во Премиер лигата. Иако најавија жалба и со тоа да ризикуваат поголема казна, Фердинанд доби три меча суспензија поради признавање на сопствената грешка. Но клубот од Манчестер е лут поради тоа што не е "еднаков судот спрема сите", а Џерард не е ниту казнет ниту ќе се извини, ниту ќе претрпи некоја казна поради инцидентот кој е истиот што го направи и Рио Фердинанд.
 
Не знам оти ваква изјава за огорченост и изненадување...

ич не беше чудна одлуката на фа...:nenene:

ни прва ...ни последна...
 
Ае, нека игра остајте, жал им е и на ФА за затвореников, 30 години наполнил нема ПЛ освоено.
 
Луге дајте некое инфо за играта на Харго,не сум во можност да го следам натпреварот.

Пред да биде заменет Харгрејвс изгледаше доста добро на теренот, добро додаваше и се движеше. Најважно е што се врати и да се надеваме дека лошата среќа со повредите за него е биде минато. Инаку Норвуд и Посебон одлично се покажуваат.
 
Ае, нека игра остајте, жал им е и на ФА за затвореников, 30 години наполнил нема ПЛ освоено.

Ke oсвои Џени...

Ама на PlayStation 2:tv:

Не знам оти ваква изјава за огорченост и изненадување...

ич не беше чудна одлуката на фа...:nenene:

ни прва ...ни последна...

Сепак смешно е брат...мислам дека говоревме за тоа некаде,ако не се лажам во фан клуб на Ливерпул.

Подоцна зборуваат како Јунајтед имал помош од ФА.

Пред да биде заменет Харгрејвс изгледаше доста добро на теренот, добро додаваше и се движеше. Најважно е што се врати и да се надеваме дека лошата среќа со повредите за него е биде минато. Инаку Норвуд и Посебон одлично се покажуваат.

Многу е склон на повреди.Мене ме плаши дека пак ке се повреди ама ајде да си каснам јазикот.
Навистина Фергусон имаше трпение со ова момче.Да беше некој друг тренер одамна ке леташе од Манчестер Јунајтед.
 
http://www.manutd.com/default.sps?pagegid={45DA4B68-E4F1-433E-9831-84AFB93B3BB0}&compid=2592

(напрајте копи пејст на линков, не може клик само)
Гласајте тука за фудбалер на годината во нашиот тим :) Иако знам дека ќе ја освои Wazza, гласав за Валенсија, многу добро се снајде.
 
интервју со Харгрејвс во моментов на MUTV

http://www.justin.tv/manuzone2/popout/

од интервјуто заклучок е дека, можиме да очекуваме дека до крајот на сезонава ќе го видиме Харго и во првиот тим.
Самиот истакна дека неговиот рехабилитационен процес се одвивал по одреден протокол, па првото полувреме на денешниот меч со резервите бил само еден чекор во тој процес кој во наредните недели ќе се засилува со поинтензивни тренинзи и чат-пат по некој настап...

Дечкото искрен си беше и за Светското првенство,кога рече дека да би било се совршено би се надевал на настап,меѓутоа во оваа состојба си знае дека тоа е многу тешко за остварување ... :(

****

Се надевам дека ќе го изгледаме оваа сезона ...многу омилен стана овој дечко кај сите навивачи,токму поради карактерот и неговата посветеност, навистина голема штета се повредите кои го оневозможија да направи поголем импакт последниве 2 години...

Само напред Харгрејвс !

********************************
П.С: ако сакате гледајте на линкот шо го постирав погоре на MUTV во моментов даваат емисија “Магичните 7-ки на Јунајтед“
со сите големи играчи што ја носеле 7 ката на јунајтед !!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom