Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Chombe_United
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мора да се направи таа чистка на лето. Има многу играчи кои не се за во Јунајтед. Со оглед на тоа дека Сколс и Невил ќе се пензионираат, Гигс не може повеќе и тој е при крај, па ќе мора да се земаат нови играчи. Инаку од овие што се спомнати за продавање се согласувам за сите освен за Андерсон. Како да влезе човекот во добра форма, кога игра само еднаш на 5 натпревари и тоа не го игра цел натпревар. Ако игра повеќе во прва постава јас мислам дека ќе стане добар играч, но за тоа ќе одлучува Ферги. Инаку Нани, Фостер и Бербатов нека си одат, се виде дека од нив не бидува добри играчи, а за Тошич не знам 50-50% сум со мислење, човекот не доби шанса да се докаже. :toe:

Мачеда не оди на позајмица!
http://goal.com/en-gb/news/2565/exc...ising-talent-federico-macheda-is-not-leaving-

This may prompt Ferguson into something of a fire-sale at the end of the season with the Sunday Mirror claiming Dimitar Berbatov, Anderson, Nani and Zoran Tosic will all be sold, along with Nemanja Vidic.

На goal.com пишува дека и Видич ќе биде вклучен во таа чистка на лето.:toe:

a8aa9b19395715611a4e80b7c0b59feddimitar-berbatov-tractor.jpg

:pos2:
 
Берба да си се врати во Тотенхем, ама веке и тамо нема да го сакат
Еднаш да се мане от нашиот тим

Мора да се направи таа чистка на лето. Има многу играчи кои не се за во Јунајтед. Со оглед на тоа дека Сколс и Невил ќе се пензионираат, Гигс не може повеќе и тој е при крај, па ќе мора да се земаат нови играчи. Инаку од овие што се спомнати за продавање се согласувам за сите освен за Андерсон. Како да влезе човекот во добра форма, кога игра само еднаш на 5 натпревари и тоа не го игра цел натпревар. Ако игра повеќе во прва постава јас мислам дека ќе стане добар играч, но за тоа ќе одлучува Ферги. Инаку Нани, Фостер и Бербатов нека си одат, се виде дека од нив не бидува добри играчи, а за Тошич не знам 50-50% сум со мислење, човекот не доби шанса да се докаже. :toe:

Мачеда не оди на позајмица!
http://goal.com/en-gb/news/2565/exc...ising-talent-federico-macheda-is-not-leaving-

На goal.com пишува дека и Видич ќе биде вклучен во таа чистка на лето.:toe:

a8aa9b19395715611a4e80b7c0b59feddimitar-berbatov-tractor.jpg

:pos2:
Со овоj трактор да си оди во Бугариjа
Мора да игра во ЦСКА, оти во друг тим не мислам дека ке го сакат веке:pos2:
Баj Баj от нашиот тим
Тука са играли, играт и ке играт големи футбалери, а не като теб:pipi:
 
Даглас Коста ja отвара вратaтa за Манчестер Јунајтед:

Само неколку дена по потпишувањето со Шахтјор од Доњецк Даглас Коста ја отвара вратата за Манчестер Јунајтед.

19 годишниот бразилец потпиша пет годишен договор со освојувачите на УЕФА Купот Шахтјор на почетокот на Јануари после напуштањето на неговиот поранешен бразилски клуб Гремио.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи Фергусон го следи плејмејкерот кој е познат како "новиот Роналдињо" и дури му помуди три неделна проба во неговиот клув минатото лето.

Тој обид беше неуспешен и од тогаш Коста се пресели во Украина при што вели дека тоа е само мал чекот кон европскиот врв.

"Нема да останам во Шахтјор цела моја кариера" - изјави младиот бразилец

"Планот е ова да биде првиот чекор до европскиот врв што значи играње за голем клуб."

Коста го чинеше Шахтјор 5.8 милиони фунти и се очекува да го има своето деби во Европа Лигата против Фулам веќе следниот месец.

Извор!

http://www.skysports.com/story/0,19528,11667_5851469,00.html
 
Читав и јас за ова со Коста, но не верувам дека сега би го зеле. Ако толку сакавме да го земиме немаше да им дозволиме на Шахтјор да ни го земе. То е мое мислење. :toe:
 
Фергусон: За две недели Рио се враќа на теренот:
ferdi-nandi.jpg

Рио Фердинанд кој подолго време се мачи со повреди, за две недели би можел да се врати на теренот. "Многу сум среќен со прогресот на Рио Фердинанд" - изјави Фергусон за Mail on Sunday.
"Одлично ги одработува тренинзите и за две недели би можел да се врати на теренот".
"Но една работа е сигурна, ние долго време го чекавме неговото враќање, и нема да го ставиме во игра доколку не е 100% подготвен" - смета Фергусон.
 
Читав и јас за ова со Коста, но не верувам дека сега би го зеле. Ако толку сакавме да го земиме немаше да им дозволиме на Шахтјор да ни го земе. То е мое мислење. :toe:

Тоа е твое мислење ама кога ние побараме некој играч со вреднос од 5м фунти на нас ни го даваат за 20-30м фунти :toe:
 
Тоа е твое мислење ама кога ние побараме некој играч со вреднос од 5м фунти на нас ни го даваат за 20-30м фунти :toe:
А колку ли м.фунти сега ке мора да земем от Бербатов
Да се надеваме дека ке бидат 10 - 15 м фунти
 
А колку ли м.фунти сега ке мора да земем от Бербатов
Да се надеваме дека ке бидат 10 - 15 м фунти

А бе мене тоа не ме занима шо ќе земеш и како ќе земеш..... Јас ти кажувам како ги триплираат цените на играчите кога Ман.УТД се занима за нив...:toe:
 
И јас сум за чистка ама делумна чистка и парите од продажбата да се вложат за достојни замени на продадените играчи. И јас сум да заминат Фостер, Нани, Тошиќ и Бербатов. Фостер дефинитивно не е на нивото потребно за да биде прв голман во клуб како нашиот. Нани го има талентот, но никогаш не успеа да го спои со менталната зрелост, изјавите против Фергусон и главно лошите игри кога играше се скоро сигурна најава за негово заминување. За Тошиќ ми е најкриво затоа што не доби шанса од Ферги, ама штом не е во преден план ниту за да наметне за влез на поширокиот список на играчи за првиот тим тогаш не треба да го задржуваме во клубот и треба да му се дозволи среќата да си ја бара во некој друг клуб каде почесто ќе настапува.

Е сега за Бербатов. Кој што сака нека каже но Бербатов не ги оправда оние 30.75 милиони фунти кои ги плативме за него. Како никогаш скроз да не се вклопи во играта на екипата и не ги постигна головите што се очекуваа од него и секако не ја повтори играта која ја играше во Тотенхем. Ако Ферги купи нов напаѓач од малку подобар калибар тогаш со сигурност Бербатов ќе се премести на клупа. Искрено се сомневам дека ќе го продадеме на лето, ама не ја исклучувам ни таа можност. За Андерсон не ни сакам да помислам дека ќе биде продаден. Тој во моментов можеби е единствениот играч од средниот ред со визија и креативност. Ги подобри додавањата, се почесто асистира, само треба почесто и да шутира, заедно со Флечер нашиот најдобар играч од средината оваа година. Дефинитивно заслужува место во првите 11.

Како можни замени кои би дошле на нивните места јас би се одлучил за Ди Мариа или Давид Силва по левата страна (имам чувство дека ќе го купиме Ди Мариа), а други играчи кои би можеле да ни го засилат средниот ред би биле Хамшик и Качар. Доколку ВДС го продолжи договорот мислам дека е Кушчак е повеќе од достојна замена за ВДС а како трет голман би ни бил солидниот младинец Амос. За нападот има повеќе кандидати како на пр. Џеко (што најверојатно ќе иде во Милан), Агуеро ама тешко и тој да дојде кај нас, Бензема бидејќи Реал на лето ќе го купи Рибери и најверојатно уште еден напаѓач па така ништо чудно ако го продадат. Јас би сакал да го видам Виља иако за неговиот потпис ќе треба да се бориме со Реал, Барса, Сити.

Како можни имиња јас би ги додал и Роби Кин кој најави заминување од Тотенхем па доколку Спарс не му утврдат некоја астрономска цена не би имал ништо против доколку би го купиле. Друг играч кој добро би ни дошол е и Карлтон Кол кој за некоја сума од 15 мил. фунти мислам дека не би имале проблем да го потпишеме.

Што се однесува до Видиќ јас би му понудил нов договор со кој би му ги израмнил примањата со Фердинанд или би земал прилично исто. Ако Вида го одбие тоа тогаш вратата му е ширум отворена и може да замине кај сака, има млади и добри кои би можеле да го заменат како Суботиќ, Кјаер или Бруно Алвес.
 
^ Ако воопшто има чистка тогаш најмалце половина од парите ќе идат за долговите кои глејзери ги направија.И Роби Кин ќе биде слободен играч од лето, веќе имаме едно срање не ни треба уште едно.

Чим веќе почнавте да пишувате замени, ја би земал Акинфеев,Шоукрос(ебати името),Гуркуф,Џеко и Ди Мариа + уште некој во средината, со оглед на тоа што според мене Сколс треба да се пензионира во Јуни, не го бива веќе.

Овие сите реално можат да се земат за 70мил, али тоа нема теоретска шанса да се деси.
 
^Имаме сличен вкус на играчи и ја сум за некад да успееме да ги доведеме тие играчи!! Шоукорс можеме да си го вратиме кога сакаме по помала цена нели имало таков договор помегу двата клуба!! ЈА мислам дека не ни треба друг голман Кушчак според мене многу достојно го заменува ВДС!! А најмногу сакам да дојде Џеко поради неговата височина и играта со глава!! Моментално немаме таков играч во тимот кој би можел да ги користи центаршутевите!!
 
Што биде со Харгривс?Некаде читав дека веке почнал да тренира со помладите.Отприлика за колку време можеме да го очекуваме?
 
Зошто сите го плукате Манчестер кога губи, а сите (со исклучок на некои) го сакате само кога победува. Наеднаш го отпишавте од трката за титулата. Мислите дека е тоа во ред од "навивачи" на Манчестер?

За вчерашниот натпревар одговорот е идентичен како и за многу порази во последно време. Комбинација на лоша тактика со лоша среќа. Првото е пострашно и подоминантно, бидејќи најчесто го повлекува второто. Гледам дека повеќето пишуваат онака како што ќе прочитат од некои членови (веројатно заради "гребење" :) ), а секоја чест за оние кои сами размислуваат и коментираат. Незнам како на крај испадна дека виновниците се Парк и Сколс за вчерашниот лош резултат. Потребана е комплетна критика или ако сакате "копачки по глава :)" не само за играчите туку и за целото раководство. Вие тоа го правите во предходните постови, само понекогаш или некои најчесто бираат погрешни поединци. Не го коментирам понатаму натпреварот за да не се повторувам со некои мои констатации од минатите постови. Но има нешто друго за коментирање.

Алал да ви е, пола Манчестер "го продадовте", и пола од играчите од другите клубови "ги доведовте" во Манчестер, и покрај тоа што знаете дека Ферги изјави оти нема да купува. Еве комбинација на реченици од предходните постови, од повеќе членови (да не ги именувам, ќе се препознаат):

- "Нани го има талентот, ама".... "за шанса за настап не преме муабет"

- "За Тошиќ ми е најкриво затоа што не доби шанса од Ферги"..... "човекот не доби шанса да се докаже"

- "Андерсон....единствениот играч од средниот ред со визија и креативност"......"Како да влезе човекот во добра форма, кога игра само еднаш на 5 натпревари и тоа не го игра цел натпревар"

И да не одам понатаму со црпење цитати од предходните постови. Многу од вас ги направија виновни горенаведените играчи. Јас се сложувам со цитираното, но што мислите: дали за тоа се виновни самите играчи, или......? Побарајте го еднаш виновникот и причината на вистинското место.
 
1.Шо треба да праиме, да го величиме кога губи и играта ни е бетер од МК Донс?Да покажеа заби, да се бореа за секоја топка, да видевме дека стварно сакаа да победат тогаш ќе беше друго.Едино Кушчак,Валенсија и Евра се бореа вчера.

2.Човече зборуваме за летниот трансфер период, и тоа само за можности според артикл од една веб страна, никој не рече дека во Јануари планираме овие играчи да си одат и другиве да дојдат.И изворот на напишаното е срање, така да воопшто не верувам дека ќе има чистка, само размислував за можностите кои би ни се појавиле ако стварно се случи нешто такво.

3.Фергусон е крив колку што се и играчите, сите кои ги искритикуваа го критикуваа и Фергусон, не си измислувај.Дефинитивно не требаше да искочи само со Руни напред по секоја цена, очигледно не ни иде со таква тактика и требаше да свати Фергусон од минатите 4 натпревари кога игравме само со 1 играч во напад.Али немоеш да кажеш дека и играчите не се криви.Сколс - пензија, Парк - подхитно аут без размислување, од никаква корист во последниве години,Руни - не ги исполнува очекувањата и неможеме да се наслањаме на него, Рафаел - премлад,физички слаб и неискусен за да се игра против говеда како Бенитез,Џероум и тоа крилото шо не уништи од нивна лева страна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom