Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Каков Валдез,и тој е киксер голем

Фергусон: Едвај чекам да му речам на Рио да игра


http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/5750/Ferguson.jpg Фудбалерите на Порто и Манчестер Јунајтед во среда ќе го одиграат реванш мечот од 1/4-финалето во ЛШ. Потсетуваме првиот меч на "Олд Трафорд" заврши нерешено 2-2.
Добрата вест за тренерот на Јунајтед, Фергусон е рехабилитацијата од повредата на Бугаринот Бербатов, но и важниот одбранбен фудбалер Рио Фердинанд. На неговото враќање на теренот особено се радува искусниот тренер на светскиот, европскиот и англискиот шампион.
"Едвај чекам да му речам на Рио да истрча на тревникот. Тој е страшно важен играч во нашиот тим и ништо не е еднакво кога игра Рио и кога не игра" - изјавил Фергусон и додал: "Порто е во предност. Тоа го вели резултатот од првиот меч. Но постои и наша шанса и таа воопшто не е мала."
 
Абе ај зае*ете го Валдез сега.Денес имаме друг разговор :)
Ајде,ајдее...Уште 4 часа...Ќе има навивање од дома :)
 
Фергусон го сака Виктор Валдес 14.04.2009.
valdess2.jpg
Голманот на Барселона, Виктор Валдес, е првата желба на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, како достојна замена за ветеранот Едвин Ван Дер Сар...
Најавите се дека Фергусон ќе се обиде да дојде до Валдес претстојното лето и дека за тоа подготвува понуда вредна 22 милиони фунти. Валдез во моментов е под договор со каталонскиот тим, кој е со важност до 2010 година. Засега се уште нема најава дека двете страни се подготвени да ја продолжат соработката.
Покрај Манчестер Јунајтед, за чуварот на мрежата на Барселона заинтересираност покажува и италијанскиот гигант Милан.
Ајде дај боже да се најде некоја будала да го купи Викецот:)
 
Абе ај зае*ете го Валдез сега.Денес имаме друг разговор :)
Ајде,ајдее...Уште 4 часа...Ќе има навивање од дома :)
Тоа е разговорот, максимално борбено и пожртвувано до нова победа и пласман во 1/2 финале на ЛШ:toe:
 
Не сум голем оптимист за натпреваров не знам зошто, најверојатно грешам.

Како и да е треба максимална концентрација и одлично изигран натпревар, борба за секоја топка и искористување на шансите.
Подобри сме од Порто, да, ама ние мораме вечер да го докажеме тоа..
 
Не сум голем оптимист за натпреваров не знам зошто, најверојатно грешам.

Како и да е треба максимална концентрација и одлично изигран натпревар, борба за секоја топка и искористување на шансите.
Подобри сме од Порто, да, ама ние мораме вечер да го докажеме тоа..

Грешеш а вечерва Јунајтед ке го докаже тоа,ке победеме и ке се пласираме понатаму,верувам во нив.Вечер ке треба да се игра како во финале.
 
Ако има некој било каква информација за Рафаел или било кој друг нека ја постира овде.
Рафаел-Фердинанд-Видич-Евра ако играат овие 4ца 100% победуваме :)И да не играат ќе победиме де,ама ќе биде многу потешко со дрвото О'шеј.
 
Гостувањето против Порто воедно ќе претставува и јубилеј за Алекс Фергусон, кој ќе стане првиот стратег со 150 натпревари во Лигата на шампионите. На досегашните 149 натпревари Фергусон има скор од 77 победи, 41 реми и 31 пораз.
Доколку Манчестер јунајтед ја одбрани титулата во ЛШ, Фергусон би станал и прв стратег што освоил три шампионски трофеи во ова натпреварување.
 
Вечерва очекувам Манчестер да ги надмине проблемите во одбраната и да се покаже во најдобро издание и да го елиминира Порто.
 
Со среќа вечер.
Ако игра Порто барем слично како во првата утакмица, како што уште не сте излезени од кризата, ќе ви треба и тоа многу.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom