Фан клуб: Мајами Хит!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Водиме прва четвртина 30-22, ЛеБрон 13 поени, три скока, две асистенции и една блокада, Вејд има 8 поени и 2 украдени топки, Бош 5 поени и Чалмерс 4... некаде при крајот на четвртината и Мајк Биби влезе во игра :)

--- надополнето ---

На полувреме водиме со убедливи 63-45, едноставно не промашија ЛеБрон и Двејн, имаат шутерско шоу вечерва... ЛеБрон има 23 поени, 8/9 од поле и 7/7 од линијата за слободни и има по четири скока и асистенции, додека Вејд има 24 поени, 10-12 од поле и 4/4 од линијата за слободни и има по три асистенции и украдени топки... Биби сега за сега има 3 поени :)

Ајде сега во второ идеме исто како до сега и победата нема да биде доведена под знак прашалник, само да нема опуштање и ќе биде се океј :)

П.С. Остана една секунда напад за Мајами и Милер доби топка на линијата за три поени, но онаа од спротивната страна и онака како од шала ја исфрли и влезе "без коски", но помина времето :icon_lol:
 
Кој веруваше во ваков пресврт:nesvest: Мајами - Орландо 96 - 99 ! Во второто полувреме Џејмс даде 6 коша а Вејд само 4,незнам што им беше на цела екипа во второ полувреме премногу се опуштија и многу грешки правеа во напад и тоа најдобро го искористи Орландо кои со тројки ја намали предноста од 19 коша а на крај сосема заслужено и победија! Иначе при резултат 96 - 99 имавме напад од 9 секунди во кој верувале или не Бош(кај кур го најдоа него) шутираше за 3 поени и нормално промаши а потоа Милер направи офанзивен скок и му ја додаде на Леброн али и овој промаши бидејки веќе и времето беше при крај! Тоа е тоа,од готово направија вересија затоа сум рекол во nba никад не се знае па ако сакаш води и 30 разлика! Да кажам и нешто за Мајк Биби кои од 4 обиди постигна само 1 тројка али сепак прва утамица му е,затоа неможеме да го критикуваме уште од сеа! Следен натпревар играме вечер против најдобрата екипа во nba Сан Антонио на гости,очекувам тука да се покаже вистинската сила на Мајами!
 
И на полувреме сакав да пишам дека ќе има огромен пад во играта на Мајами во второ полувреме, бидејќи едноставно тоа се случува на секоја утакмица независно на јачината на противникот... Мора да се работи на тоа.Ако има нешто добро од поразиве тоа е времето на нивно случување.Да им се отворат малку очите пред плејофот
 
Стварно доста падови имаме во играта и многу пресврти ни прават.
 
Денес не очекува тешка утакмица со Сан Антонио,би било добро да победиме. :)
 
Висок пораз на Мајами од Спарси 125-95, од почеток до крај водеа Спарси и заслужено победија... Леброн даде 26 поена 8 скока и 7 асистенции, Вејд 19 поени и Бош 17 поена и 14 скока... Во екипата на САС дури осум играчи имаа двоцифрен број на поени :toe:
 
Во недела не очекува уште еден тежок натпревар со Чикако.Ке има директен пренос на СпортКлуб.
 
^ Следна година одмазда кога ќе земат јак центар и јако крило, со двајца играчи не се прави ништо :)
 
Вчера многу ме изнервира Вејд втора четвртина , Леброн 4-5 напади по ред дава кошеви,влез ,шут ,се погоди и Вејд зема 2-3 напади по ред преку рака шутираше безвезе се глупира,таман дојдоа на 11-12 разлика,не дека ќе се вратеа во утакмицата ама сепак ако гледаш дека му иде некој не смее така да го прекинуваш!
 
Шо е работава бе не знам,бев во можност да го гледам само прво а до тогаш супер ни одеше,Бош се распуца и така,глеам во третава не отвориле со се а и решавачката сме ја изгубиле на крај.Вакви порази поготов дома не треба да се дозволат,уште помалку со пресврти по не знам кој пат годинава.Дајте барем видео да видам како било на крај.
 
На крајот Чалмерс погоди за 2 поени предност на Мајами, потоа правевме фаул, Денк погоди едно, второто слободно го промаши, но Милер направи ,,фаул" повторно над Денк кој ги погоди и двете слободни.Имавме последен напад, Леброн промаши полагање ( иако мислам дека беше фаул ), топката дојде до Вејд кој успеа да шутне, но не и да погоди.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom