Фан клуб: Мајами Хит!

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Четврт пораз во серија.Лоша утакмица.Џејмс со 37% шут од поле , Вејд со 40%... Мал број на кошеви но неможе да се каже дека одбараната го реши противникот.Добро што падна продолжение да придодадат некој поен тимовите пошто беше крајно неефикасна утакмица ...
И со 34 поени 10 скока и 7 асистенции не помогна враќањето на ЛеБрон...При крајот на натпреварот ЛеБрон правеше болни гримаси но мислам дека беа поради еден удар во појасот а не болките од зглобот...

--- надополнето ---

Момче зошто упорно се трудиш да тупиш некоја работа како за се лошо да е крив ЛеБрон а за се добро Вејд.Молимте не прави раздор овдека да се делиме по играчи.Ако следеше сигурно виде што се случи во крајниот момент.ЛеБрон му оди дава 10 коша во серија и место да го води последниот напад вејд ја зеде топката и ја тропаше на 2 сек до крај му ја дава на Чалмерс а овој на секунда за ЛеБрон.ЛеБрон немаше време да се намести.Уште не прифатена шутираше ...
Уште на почеток стручњаците посочија 3 работи како пречки во успехот на Мајами...
Прва Евентуални повреди на ѕвездите и ограниченоста на резервите (со оглед дека се бараа играчи колку да се потполни)
Втора Егото на триото
Трето Неискуството на Споелстра

+одбраната. Ме интересира како ќе изиграат одбрана против најсилните тимови во плејофот. А ако имаат повреда на некоја од звездите, чао пријатно ќе е. Можеа да победат вечерва, но Вејд направи 2 лични на крај и изгубената топка кога се лизна сето тоа во серија што за него е реткост, и Леброн шутираше за 3 од огромна далечина...додека Атланта максимално искористи и тоа е тоа. Овој Ентони беше смех, 3-4 пати по ред офанзивен скок прави, ја фаќа и ја дава на овие :).
 
Како и шо напишав негде претходно во некоја друга тема, не знам шо ќе прајте без Бош. Ќе треба Вејд и Леброн по 50 поени да дават за да победвате :icon_lol:
 
Лошо,лошо.....ќе мора следната да се победи,за да се врати самодовербата.
 
Не е страшно нека губат сега додека не се почнати пелј-оффите и нека се уиграат до тогаш а и добро ќе им дојде да сфатат дека треба и тимска игра не секој напад секој само си го завршува.
 
Одбраната синоќа не беше проблем.Примија во регуларниот дел 77 коша што е солидно.Бош и онака е слаб во одбрана.Таму не се почуствува неговото одсуство.Џоел Ентони во одбрана е подобар од Бош... Недостасува во Мајами нешто што тие го имаат но уште не е во функција.Долго време беше повреден , рехабилитацијата тешко му одеше а сега тешко му оди и со адаптацијата на теренот а плус и ова нова средина за него.Кога ќе ги вратат неговите просечни 13 поени по натпревар и неговата прецизност тогаш друга прикаска ќе биде.Вероватно претпоставувате дека зборувам за Мајк Милер
 
ЛеБрон сам против Торонто.ХАха ќе биде јако вечер
 
Сам ? Мајк Милер за 20 минути 24 поени, 8 скока, 3 асистенции ( полувреме ) :)
 
Ауууууууууууууууууу браво за Милер 32 коша и ЛБ 38, 70 имаат само овие двајца од 120:vozbud: Еееее ова е доказ дека може ЛБ со Мајами и без Вејд. Коа владее сам на теренот му е полесно него ли со друга ѕвезда.:toe:
 
Тоа е олраундот на ЛеБрон.Со слаб тим може да се прошета низ лигата но во плејофот е друга прикаска.Видете го само Кливленд каде е сега.Тони ли тони.Јас знам, мене ми е јасно дека злобниците почнувајчи од стручњаците преку комплекс некој на Џарлс Баркли па се до обичните злобници претежно фанатаци на Коби не го гледат и не сакаат да го гледат Кливленд.Со тој тим беше најдобар во лигата со уште послаб стигна до финале на лигата... Но како што кажав плејофот е како друга лига.Таму сам не се може.Им го изедоа долниот зошто се споиле тројцата па зошто ова она.Ајде видете во историјата кој освоил сам титула ...
 
A каков тим имал Џордан жити све, немој вакви муабети да продаваш ( дури и срамота е да се исперцепира последниот дел од твојот пост ), извади го Џордан од тој тим на Чикаго и што ќе добиеш ? Кој ? Родман ? Венингтон ? Лонгли ? Харпер ? Пипен знам ќе го спомнеш но ако удриш на споредба со Кливленд, таму знаеш колку Пипен-играчи имаше ?

Еве, гледаме низ историјата и гледам човек кој ''сам'' освоил титула, всушност, тој муабет, '' сам да освои титула '' е апсурден зашто кошарката не е тенис, не е индивидуален спорт, али ај да речеме дека знам на што алудираш, ете ти еден кошаркар кој '' сам освоил титула '' ... ЏОРДАН !

Од една страна се фаќаш за фанатици на Коби а од друга ти личиш на фанатик на Леброн со овие муабети каде основни работи не запазуваш.

п.с. Ти нели лани за Кливленд навиваше ? Или си фан(атик) на Леброн. :)

п.п.с. Е сега ако од доаѓањето на Леброн гледаш баскет, и тогаш почнува историјата во НБА за тебе ондак извини, my bad.
 
Колку Пипени имало видовме оваа година... Да јас сум фанатик на ЛеБрон и за се друго појма си неам. Да и Стендинксот на НБА страната е фанатик на ЛеБрон и сака да го уништи Кливленд па не му дава да направи двоцифрен број победи.
Јас сум нормален човек и можам да коментирам за НБА од таму каде што ја пратам и знам за неа...
Кога Џордан играл јас сум се раѓал а подоцна и сум учел да одам а кога он заврши јас ги учев буквите од азбуката ...
Пошто ти си вундеркинг и кога си се родил си знаел веднаш да одиш па си избегал од болница за до гледаш Џордан ние тука ти симињаме капа и воедно те замолуваме да ни кажиш и Џемберлен како освоил титула ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom