Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Kурвински е пошто цело време планирал шема прво со КД а потоа со Пол Џорџ, за идење во Клиперси (или Торонто), а во јавност се правеше демек размислува да дојде во Лејкерси. На состаноци идеше, разговараше сериозно е заинтересиран и ете само му треба малку време да се одлучи... Сега наместо Кемба или евентуално Ирвинг, за истите пари ги имаме КЦП и Дени Грин. Не дека потпишувањето на Дени Грин е лоша работа ама... Вистина е дека управата на ЛаЛ никој не ги натера да загризат на мамката, но вистина е и дека Кавај изигра најпрљаво што може.

Не им посакувам повреди само прљави работи се прљави работи а кармата е кучка, и клетвата на Клиперси е позната работа.


едит: https://bleacherreport.com/articles...i-leonards-meeting-with-buss-pelinka-revealed
 
Последно уредено:
Prvo kolo pleskanje na komsivkite gde ces bolje :D

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
KCP лошо ја почна сезонава од офанзивен аспект, но во одбрана е добар.
 
Одлични сме.Имаме шампионски тим.Како што читам Казнс ќе се врател за плејофот.
 
Ja гледав утакмицава со Далас, во второ полувреме ги убија со зонска одбрана. И со тројки, Далас погоди 17 од 49 обиди, процентот на погодени не им е сјајен ама 17 тројки се 17 тројки. Лејкерс имаа 7 од 27, тапа.

Вогел некако слабо реагира со корекции кога не иде работата во напад, си чека Леброн и компанија сами да се снајдат. Не е ужасен ама мислам дека поголемиот дел од тренерите во НБА се подобри од него. Ми се плаче кога ќе видам како реагираат на вакви ситуации тренери како Ник Нурс, и ред други. Пред почеток на сезонава се израдував кога слушнав дека го спремаат Вогел за дефанзивен асистент тренер ама кога слушнав дека ќе биде главен тренер... Барем асален офанзивен асистент да имаше на клупа, а не лузер како Џејсон Кид. Но тоа е што е.

Фали бек специјалист за одбрана, за утакмици во кои се игра против ликови како Лилард, Дончиќ, Јанг, итн... Ќе биде подобро кога ќе се врати Ејвори Бредли. Остануваат нерешени најголемите проблеми: справување со зони, одбрана на периметар (троки), и справување со тимови кои имаат брза транзициона игра (како Рапторс и Клиперси на пример). Ова последново се решава со правење помалку грешки, ама и повеќе/побргу трачање назад во одбрана.

Овој месец распоредот е полн со утакмици против многу подобри тимови, ќе биде интересно. Малку да се раздрмаат од лагано поминување со слаби тимови, и забушавање во одбрана комбинирано со тренерска неинвентивност и пасивност кон офанзивниот дел од играта.

Во врска со зоната пред некоја недела Мајами пробаа со зонска одбрана, но тогаш Лејкерс соодветно одговорија. Не разбирам зошто овојпат како да не се ни обидоа со слично решение, туку претеруваа со неизградени и бранети шутеви од периметар, посебно од Ентони Дејвис на кој во вакви ситуации местото му е во рекетот а не на линија за 3 поени.
Еве една анализа за утакмицата со Мајами:
 
Ауу како моќне делуваме нек си ебе мајката.За Леброн и за Дејвис нема што да се трошат зборови.Али другиве и те како заслужуваат пофалби.Посебно сум изненаден од Рондо и Хаулард само да бидат здрави и немаме гајле

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom