Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Ај нека си седат мадро, и да се соочиме сите дека следи уште една сезона танкање. Ако го ангажираат Бајрон Скот на втор договор, автоматски ќе знаеме.

Всушност сега ни треба добар тренер, пред добри играчи. Јас моментално, некако најмногу сум накај Лук Валтон.
 
Ако си кажуваме фаворити за тренери, јас би одел на Волтон, Месина или на Блат. Мислам дека сите тројца ќе се доразвијат со младите играчи иако Месина е стар искусен тренер. Од овие тројца мислам Блат надобро би дошол, ама тоа ми е само субјективно мислење.
За играчи, Дерозан би го земал само како 2/3 опција во тимот, неможе околу него да се гради екипа. Мада со оглед на талентот што Лејкерс го имаат, тешко дека може да се одбие било кој добар играч.
 
Инаку сестра му на Џим, сакала да го избркаат Купчак и да се врати Зенот како ЏМ, како и да остане Бајрон Скот тренер следната сезона. Јас би за Џим, Купчак и нов тренер.
 
Тоа што Тибодо сака да учествува во ГМ одлуките е сосема нормално, најпосле Купчак ионака игра како што Џим му свири (а Џим е ретардиран разгален богаташки копиљ). Купчак би се слагал со Тибодо перфектно добро, а Тибодо би бил противтежа на ретардацијата на Џим Бас.

Некој како Тибодо не се пропушта дури ни заради танкање, што пак е единствена причина зошто би го вратиле Бајрон Скот (освен што не треба да занемариме дека Џим е ретардиран, па може и тоа е да причина за враќање на Скот).
Фил инаку нема шанса сега да си оди од Никс, тоа се празни муабети. Штета само за Џени Бас, очигледно е дека е милион пати попаметна од брат и.
 
Јас многу го сакам Ван Ганди ко тренер, ама јбг Детроит си го земаа. Тибодо веќе отиде во Минесота, реално немаме премногу опции, некако Лук Волтон да дојде кај нас пошо не верувам дека ќе сака да е вечен помошник.
 
Ova e znak deka uste ima nekoj pametsn u klubot, i deka konecno kje trgne rabotava
 
Oва е знак дека немаат појма што прават. Ако веќе не го држат Бајрон Скот за уште една сезона танкање, тогаш требаше да го шутнат ВЕДНАШ после регуларната сезона. И да го земат Тибодо.
Вака сега освен ако некако Волтон не дојде како главен тренер (за што ќе требада им дадат нешто на ГС) - остануваат со прстот во задникот, и појма немаат што ќе прават.
 
Oва е знак дека немаат појма што прават. Ако веќе не го држат Бајрон Скот за уште една сезона танкање, тогаш требаше да го шутнат ВЕДНАШ после регуларната сезона. И да го земат Тибодо.
Вака сега освен ако некако Волтон не дојде како главен тренер (за што ќе требада им дадат нешто на ГС) - остануваат со прстот во задникот, и појма немаат што ќе прават.
Пишав дека е добро а у истиот момент го помислив ова што ти го напиша.Стварно ако веќе го бркаа требаше тоа да го направат навреме.Еве и да го земат Волтон, прашање е како он ќе се снајде у овој хаос.Секоја чест за тоа што го правеше со Гсв, али овде владее анархија.
 
Еве и да го земат Волтон, прашање е како он ќе се снајде у овој хаос.Секоја чест за тоа што го правеше со Гсв, али овде владее анархија.
Прво ГС нема да го пуштат без јака надокнада, или никако. Кер има здравствени проблеми а Волтот одлично го менува, и надополнува. Дури прашање е Волтон дали сака да дојде во ЛАЛ, и дали ЛАЛ воопшто сакаат неускусен тренер за градење на руки тим кој едвај да е во зародиш.

Не е бламирањето само со влечкањето и двоумењето со Скот. Кога ќе помислам дека Кларксон го потпишале само на две руки сезони... Што ги коштало да стават клубска опција за третата сезона. :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom