Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Одговорноста е целосно кај Д’Антони, но и кај другите од водството: Купчак пошто нема муда да му застане на пат на Џими копиљот (ОК, ова е малку нефер, за Купчак се разбира). Џими, пошто е разгалено синче власник на голем клуб, кој мисли дека повеќе знае од професионалците окулу него. И на крај, одговорноста е и кај Џери Бас (слава му), пошто требал подобро да го оцени синот, и на чело да ја остави Џини (Бас, ќерката).

Koби си е Коби, не можеш да очекуваш од него да се штеди себеси. Ќе игра со 120% заложба се додека не почне буквално да му се распаѓа телото... На една нога ќе стои и сеуште ќе игра кошарка.
Затоа и го сакаме, нели? :)
(и покрај глупостите кои знае да ги прави)
 
Претпоставував дека Кер и Фишер ќе одат заедно во ЊуЈорк, ама сега тие 2ца се заинтересирани за најдобриот кошаркарски тим на сите времиња! :)
 
988797_855040024524523_4164864459613395888_n.jpg
 
Со гласиниве, очигледно и зафатениве тренери може да дојдат во ЛА. 15 тренери за избор.
Голема работа ќе се заврши ако се избере добар тренер, веројатно поголема и од пикот шо ќе го земеме.
 
Kobe Bryant on Jimmy Kimmel Live:

Целото интервју:
 
Епа да се простиме од Стен Ван Ганди штотуку прифати да стане и тренер и претседател на Детроит Пистонс... А во меѓувреме Купчак изјави дека нема да брзаат за да вработат нов тренер и најверојатно после драфтот ќе го дознаеме името на новиот тренер.
 
Со среќа нека му е... и голема штета, одличен тренер. Сигурен сум дека превагнало тоа што му понудиле и претседателска функција, како Никси на Џексон. И што се мене тиче добра шема е тоа, ако веруваш во тренер, остави го на мира да го направи ростерот како сака.

Инаку само да знаете, Стен ВГ овие пар години чекаше на тренерското место во Лејкерс. Арно ама, Џим Бас копиљот прво не го зема во предвид СВГ заради кловнот, а еве и две години подоцна ја жилавеа работата со одолговлекување. Стен Ван Ганди е беше дефакто најдобриот достапен тренер (заедно со Аделман, кој не баш сигурно дека е достапен). Лејкеси требаше да го зграбат првиот ден после регуларната сезона.

Изборот од драфтот никако не го менуваше ова погоре. Кој и да го избереа, СВГ ќе беше на ниво.
Освен, ако 100% не се запнале за Аделман (или Кер), ама за неговиот систем со принцетон напад треба умешен центар и добри шутери. Поентата е: ако Лејкерси мораат да одберат добар плејмејкер (како најдобар достапен играч за драфтирање), тогаш Аделман со принцетон нападот е распар комбинација (исто и Кер со триаголникот).
 
Заборави го и Аделман и Кер, Кер најверојатно ќе оди во Никс а Аделман најави пензија и нема намера да тренира повеќе најверојатно мислам дека фаворит бр. 1 моментално е Бајрон Скот од овие што се слободни...
 
Кер не го ни сакам, и гласините за ЛАЛ се само кокетирање за дигање вредност (левериџ што би рекле америте). Наводно Кер од Никси бара 4 години со 6мил. по сезона... преплатено до бескрај. Јас би му дал 4 години, ама последните 3год да бидат опција на клубот. :)

За Аделман, пак ќе кажам... не верувајте се што читате.[DOUBLEPOST=1400063977][/DOUBLEPOST]Во секој случај, Лејкерси само што пропуштија да го земат најдобриот достапен тренер. Голема грешка, уште една во долгата низа грешки на Џим Бас.
 
Call me crazy ама мислам дека после се Купчак ќе приреди некакво сценарио и ќе го донеси Тибодо во ЛА... I know I live in a pipedream but hey...
 
Баче, немаме ништо што тие го сакаат за Тибодо. Пикот 2014та нема теоретски шанси да им го дадеме, другите први пикови наредните сезони се во главно раздадени (за Стив Неш, и претходно за Рамон Сешнс). Друго што имаме да понудиме во размена...?
-Можеби Д'Антони, ама чекај... не може, веќе си даде оставка! ;)

Башка Чикако скроз ќе изгубат лице со размена на Тибодо, веднаш откако му дадоа екстензија.

Верувај, оваа комбинација не е ни pipedream. Иначе реалноста на страна, и тата би сине.... :)
 
А од овие понудениве сега за сега, Рој Вилијамс, Бајрон Скот, Лери Браун, Џеф Ван Ганди, Оли и Карл. Што мислиш кој е најдобар да седни на кормилото?
 
Од понудениве... искрено никој. Ама ако баш морам, Џеф Ван Ганди или можеби уште подобро Оли. Последниов е недокажан ама покажува највисок потенцијал/плафон од набројаните.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom