Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Абе овие титула да не сакаат да освојуваат? :pos: Глеам одлично ги играат припремниве, нека не си играат курташак нека танкаат уште од прва утакмица да не ги пукам! :D Мада џабе вака зборам пак ќе се палам на секоја утакмица и ќе кршам тастатури, монитори и остали работи што ми се на биро.
 
Хехе, претсезона е... сите им даваат шанса на резервите, пробуваат нови работи, итн...

BTW ја имате утакмицата со Денвер за симнување: http://bt.davka.info/
 
Абе и лани беше претсезона ако ти текнува, кога изгубивме од сите можни противници па се тешевме демек претсезона е, ништо не се знае. Али нема везе ова сеа, у право си, сите играат со комбинирани состави, пробуваат различни сетови на акции и се воигруваат за претстојната сезона. Моја прогноза е дека ќе бидеме 7 или 6 место на Запад и после ќе отпаднеме во првото коло од плеј офот.
 
6-7мо место е можно само ако Коби излезе вон контрола, што е сосема можно, но од друга страна дечкото е прилично паметен и знае што мора да се направи оваа сезона, за следната да биде подобро.

ОСВЕН!!! ...(пауза) ако не се деси некоја бизарна ситуација каде мучканицава од ростер, ќе се вклопи многу добро, па да направат некое чудо. Алас, сепак да се вратиме во реалноста... ;)
 
Како сакаат новиве да се докажат би можеле да се пласираме во плејоф ... баш вчера го гледам Јанг сака да биде следниот коби во лејкерси :D Уште еден постабилен центар да имавме место Каман би било одлично али вака уште коби да се опорави ќе може да се играат добри партии . Лани преку цела година имавме по 1 или 2ца повредени никој не заигра онака како што требаше .
 
6-7мо место е можно само ако Коби излезе вон контрола, што е сосема можно, но од друга страна дечкото е прилично паметен и знае што мора да се направи оваа сезона, за следната да биде подобро.

ОСВЕН!!! ...(пауза) ако не се деси некоја бизарна ситуација каде мучканицава од ростер, ќе се вклопи многу добро, па да направат некое чудо. Алас, сепак да се вратиме во реалноста... ;)

Ќе видиш бе луда екипа ќе бидеме, имаме одлични предиспозиции за тоа. Само јас посакувам да не влезат у плеј оф, јасно е дека немаме никакви шанси таму. Битно ми е младиве играчи да се уклопат, а и бај д веј да им се даде шанса, а не да дремат на клупа.
 
Едно мое видување, Досега си газиме и покрај тоа што не игра Коби. Многу ме изненадува Хенри. На првиот натпревар кога имаше 29 поени ,си викам ајде,имал свој ден,на секој му се погодува еднаш. Ама,на следниот имаше 17 и сосема го сменив мислењето.Би требало да има добар придонес од него, солиден е од клупа а и од километар се гледа дека има желба да игра и да се докаже.Истото важи и за Вес Џонсон, Џордан Хил и Фармар. Што се однесува до стартерите, Гасол игра добро, истото може да се каже и за Каман, заедно доста добро функционираат што се покажа на последниот натпревар против Денвер, Сваги Пи:D докажува дека знае да шутира -(на сите 3 натпревари имаше над 10 поени.),Неш игра сосема солидно за негови години а ќе биде потпомогнат од Фармар и Блејк, кои се одлични бек-ап плејови. Единствена енигма е Коби, но познавајќи го неговиот глад и желба за успех, очекувам дека ќе игра како што бевме навикнати да го гледаме сите овие години.Не знам за вас, ама јас забележувам дека сите играат мотивирано за разлика од лани кога беа раштимани. Атлетицизмот е на далеку повисоко ниво, се игра подобра одбрана - (на трите натпревари нивниот противник, мислам имаше постигнато под 100 поена), нападот ми изгледа далеку поорганизиран, солидна клупа... се надевам на некое изненадување иако сите аналитичари, Лејкерси веќе ги отпишаа од конкурентите.
 
Не знам за вас, ама јас забележувам дека сите играат мотивирано за разлика од лани кога беа раштимани. Атлетицизмот е на далеку повисоко ниво, се игра подобра одбрана - (на трите натпревари нивниот противник, мислам имаше постигнато под 100 поена), нападот ми изгледа далеку поорганизиран, солидна клупа... се надевам на некое изненадување иако сите аналитичари, Лејкерси веќе ги отпишаа од конкурентите.
Признавам дека сум изненаден, до толку мачно беше да се гледаат Лејкерси прошлава сезона (а скоро сите утакмици ги изгледав), што оваа една претсезонска утакмица (со Денвер) беше навистина пријатно изненадување... посебно од аспект на залагањето. Буквално не видов некој да се влече и да се лигави, нешто што лани беше редовна појава и повеќе се нервирав од тоа одколку од поразите.

Е сега дека нападот изгледа далеку поорганизиран, не се согласувам... ама послободно играат и што е најважно се борат за топка, се скока, се трча... абе да ти е милина да гледаш. Искрено се надевам дека во тимот нема да дојдат пак некои канцери како Хауард, па и Бајнам каков што беше во втората половина од престојот во ЛАЛ.
Порази се трпат, мајмуни што не сакаат да се залагаат не се трпат.
 
Абе Дантони ви остана тренер? По толку плукање и свашта не го избркаа? :unsure:
 
Абе Дантони ви остана тренер? По толку плукање и свашта не го избркаа? :unsure:
Има загарантиран договор уште две години, башка совршен тренер е за сезонава... ;)

Плус мора малку да мислат и на репутацијата на франшизата, неозбилно беше отпуштањето на Мајк Браун само по 5 утакмици. После се мајмунираа со Фил Џексон, му понудија работа, му оставија да размисли преку викенд, и потоа во петок навечер после полноќ му кажаа дека ипак се одлучиле за Д’Антони.
Тоа ти е тоа, газдата колку што може да заебе ниеден ГМ (или комесар) не може...
 
Денвер играја лошо во непрепознатлив стил, бавно, со многу игра со грб према кошот и додека овој тип на игра траеше ЛАЛ (во последната утакмица) имаа 20 поени предност. Откако го кренаа темпото на игра добивме неизвесна утакмица, шо значи дека во одбрана пак ќе ги имаат истите проблеми, посебно во пикенрол ситуации, пошто нити Гасол нити Кејмано можат да запрат пикенрол игра, додека Хил е друга приказна и имаше секвенци кај што одлично запира пенетрација. Очигледно е дека повеќе се залагаат, нормално млади се. Лани, пример Кларк веднаш се истакнуваше во морето од старци.

За нападот се согласувам со Ванлок , не е нешто поорганизиран, него има повеќе енергија шо е потребно за ваков тип на напад, a кога играа Гасол и Кејман се претвораја во Гризлињата. Минутите шо ќе ги добиваат, и комбинациите на играчи на теренот најверојатно ќе варираат во однос на противникот.

Хенри изгледа ќе влези во тимот, Вилијамс ќе биде во ротација го познава системот, Вес е дрво во напад и не гледам нешто да се промени, Микс сакам да го гледам во garbage time пошто изобилва тимот со поквалитетни бекови, Јанг можи да добива одлични ситуации за поентирање од нападов доколку не ја форсира неговата игра, Кејмано е најарно да го комбинираат со Гасол за напад пошто и двата имаат шут од полудистанца, а Хил да игра од клупа со брза петорка, сочинета од Фармар, Блејк и остали.
 
Дап Хил е дефинитвно најдобриот дефанзивец во тимот, и не само за пик&рол.
Инаку ростерот се чисти, ДМО изгледа пак ќе испадне... штета пошти се надевав на бек што може да изигра одбрана (Снаер пропушти шанса да се истакне во летната лига).
Боатенг и Гаџурич се надвор од ростерот.
http://sports.yahoo.com/news/los-angeles-lakers-waive-gadzuric-200703478--nba.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom