Гаудлок и Духон се играчи за ротација, да поиграат некоја минутка колку да ги одморат Неш и Блејк, а и да ги изморат противничките играчи колку толку.
Ma Духон не би ставил во игра освен како некоја најпоследна опција во очај. Сериозно човекот е веќе во години и нема ни експлозивност, ни брзина, ни осет, ни техника... понекад знае да погоди шут и тоа е ама баш СЕ. Некад не може ни топка да пренесе на противничка половина без да ја изгуби.
Гаудлок има потенцијал, ама е премногу еднодимензионален во играта. Немаше напредок во играта ни во одбрана ни во плејмејкинг, затоа и го шутнаа - за бек шутер е премногу низок и недоволно добар ни во тоа. Се на се треба да добива шанса, зошто ако му тргне може да направи разлика.
Морис е дечкото кој би го ставал како примарна замена за главниот плејмејкер, осреден е и тоа во позитивна смисла (како плејмејкер). Одбрана игра добро, би го ставил во топ3 во тимот од тој аспект -плус ама баш никад не забушава во одбрана, за разлика од другите, и тоа за мене е секогаш на 1во место. Најголема слабост му е шутот од далеку и да не е тоа, Блејк не би видел минути во овој тим.
Штета што не му даваат повеќе шанси на Морис, дечкото има потенцијал и многу добра работна етика. Не знам дали знаете ама пред сите доаѓа и последен останува секој тренинг, дури и неколку недели пред другите стигна во тренинг кампот летово.
А за Зенот, ќе премолчам, се знае што мислат сите фанови на Лејкерс околу тренерот.
Баш ова не е за молчење, тука најмногу ја заеба работата
Џим Бас. Прво со компироглавиот МБ а после и со Бркот. Нема представа што сака да игра тимот, мисли така се правело тим.
Немаме екстра плејмејкер, и затоа Брајан Шо (или самиот Џексон оваа сезона) со триаголникот, или Рик Аделман со Принстон нападот... ќе беа одлични за композицијата на овој тим.
Човече, 7seconds or less... KAKO НЕ БЕ, со ваква геријатрија од тим и на маалско дете му е јасно дека не можеш да правиш транзиционен напад.
Уф, како не изгуби интерес веќе и не почне да се занимава со бркање жени и хедонизам... само тоа го вади клубов.