Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Јута падна, прво па мушко, на првиот тест, сега повторно Се е во рацете на елејел, не смеат оваа шанса, која по 10ти пат им се пружа, да ја искоцкаат. Ништо не е готово и денес со триумф, мора уште еден кикс да имаат Јута а истиот да биде искористен и од Лејкерс, да им се побегне со 2 победи плус, тогаш полесно ке се игра.
 
Хах 10 разлика водеа и потоа не постигнаа кош 5 и кусур минути. Да им се мочам у мизериите, Гордон ги отвори, како сака го проаѓа Микс а бркот упорно го остава на него.
 
Хауард друже до кога со тие кретенските фаули во напад во борба за позиција? :tapp:
--- надополнето: 10 април 2013 во 07:06 ---
Тепаа некако. Да не е Коби не знам што ќе се прави. Сам ја реши, ја грабна топката во 4/4 и почна да игра како што знае, а пред тоа беше многу тивок. Сепак на крајот испадна топ вечер, Јута поразена, Лејкерс победи, сега останува да ги добијат сите до крај и да не се умараат со Јута. Али лесно е да се каже, треба и да се оствари...
 
Ае сеа со Портланд да ја земат, малце тешко ќе биди ко по обичај, башка и мн. минути изиграја старците, ама Хиксон, Батум и Метјус излеа нема да играат па можи ќе се провлечат некако
 
Портланд е едно од најтешките гостувања за Лејкерс по традиција, стандард си губеле таму, па дури и годините кога беа шампиони. Но, ако не играат тие што ги наброја Флегматичен мислам дека не би требало да имаме некаков проблем. МОРА, едноставно МОРА да ја добијат текмава, останатите три се на домашен терен и против екипи кои многу веројатно е дека ќе ги одмараат своите стартери и ќе ги чуваат за плеј офот.
Ноќеска Коби 23 поени даде у 4/4, шта речи, кога е најпотребно он е тука. Гасол изигра многу добра партија, Двајт тапа, другиве така така.
 
Портланд ќе бидат без неколку стартери, и имаат серија од 9 изгубени утакмици по ред. Не би смеело да има поголем проблем дури иако нема одмор за ЛА. Само мора да игра цел тим, го исцедија Коби... :-/

На ЛА им требаат минимум 3 од последниве 4, зависи што ќе направи Јута во нејзините последни 3 утакмици. Интересна ќе биде утакмицата против САС, изгледа Поповиќ ќе иде со најдобриот состав против ЛА, за да и помогне на Јута да бидат 8ми и со тоа да САС да игра против Јута (лани им удрија метла).
Така да ЛА секако мора да го побед(ува)ат САС ако мислат да одат напред. Јас не очекувам ништо, иако се надевам дека ќе бидам демантиран.
 
Ванлок ќе видиме за Спарси, како што пишав пред некој ден многу комбинации се во игра. Ако денес загубат од Денвер значи одат на второто место и дуел со Рокетс, а на Оклахома условно кажано ќе им ја “отежнат“ задачата со тоа што ќе им “наместат“ дуел со Лејкерси.
 
Еве како стојат работите за играчи кој нема да играат
Blazers say Nic Batum and Wes Matthews are out. LaMarcus Aldridge (sick) is probable, and JJ Hickson (back) is a game-time decision
Само Лилард да се затвори и пола тим си им го затворил со оглед на тоа кој се не игра :)
 
Јута ако ги земат сите 3те утакмици што им преостануваат (играат две со Минесота и една со Мемфис), ЛА ќе мора да земе 3 од 4 (две се против САС и Хјустон). Значи мора да се земе една или против Хјустон или против САС, ќе видиме што ќе се деси... интересен финиш на (ужасната) сезона.
 
Само Двајт да не го мрзи да игра, другото само ќе се нареди
Зарем на некој таков ќе се гради тимот во следниве години?
Затоа мислам дека ќе го дилаат, порано или подоцна...
 
Јас сакам да го видам потполно здрав во тимов, значи од следната сезона па потоа ќе можам да кажам дали е за трејд или не. Дали еднаш го видовте сезонава Хауард да закуца како што куцаше во Орландо, кога го носеше кошот до доле? Не! Кога и да има прилика за забивање само ја остава топката, а и во напад повеќе оди на полухорок и хорок, избегава снажни дуели, а сите знаеме зошто е тоа така. Искрено и мене ептен ме живцира со тоа неговото смеење и фацана ко у стил кур ме боли што Македонија нема море, али ова годинава не е ни 20% од неговите можности.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom