Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Убедлива победа против Портланд и прекин на низата порази. Се функционираше вечерва, особено шутот за 3, но ме импресионираше и играта во одбрана, начинот на кој го правеа тоа, пожртвувани беа сите за секоја топка и пред се се слушаше одлична комуникација, па дури и на стримот каде што гледав. Е вака треба да играат против сите. Друга работа што ќе ја издвојам е Кларк, човеков е фантастичен, дури и тоа е мал збор за него, како игра секоја му чест. Одлично засилување за тимов после лошите вести кои доаѓаат во врска со Хил кој ќе биде аут до крајот на сезоната.
Кливленд :)
Еј ова поразов сите не шекна, незнаеме што збориме веќе.. wait, what? :D

Останува да видиме дали тргна возот, или ова е само една среќна партија..
 
Оваа победа не значи ништо со оглед на тоа што играја против најслабиот тим во лигата. Како добри работи се издвоија одбраната на Коби над Кајри ( нешто што ќе треба да го гледаме против сите плејмекери со кои ќе се соочат, т.е. да се отсечат од нападот ), имаше движење на топката во нападот ( или отсуство на Мамбата), инволвирање на Двајт во нападот што директно се рефлектира на неговата желба да игра одбрана, и енергијата на Кларк ( дечкото ме потсеќа на Одом со својата висина, контролата над топката, способноста да наоѓа отворени играчи и енергичната одбрана). Како лоши страна на синоќешната игра беа изгубените топки ( 2 пати имаја низ од 5 загубени топки) и одбраната сеуште не функционира, премногу поени во рекетот ( да ги занемариме сите положувања што ги промашија поради отсуство на талент) и доста отворени шутеви за 3 (кога играш против најлошиот шутерски тим , ќе поминеш неказнет).

Откако ќе се врати Гасол мислам дека треба што помалце да му се поклопуваат минутите со Двајт, со оглед на тоа што Кларк и Џејмисон се високи и подвижни и одлично се вклопуваат во системот со тоа што ја развлекуваат противничката одбрана со доследниот шут од полудистанца и способноста да го нападнат кошот , а тоа ќе им даде на Двајт и Пау повеќе простор за работа во нискиот пост.
 
Кливленд :)
Еј ова поразов сите не шекна, незнаеме што збориме веќе.. wait, what? :D

Останува да видиме дали тргна возот, или ова е само една среќна партија..
Мај фолт, поразиве не шекнаа, у право си. :D
 
Значи овакво било чувството кога ќе видиш дека твојот тим победил :)
 
Еј џиберов ама го изротира тимов у прва четвртина, на терен никој од прва петорка, главна солуција за нападот ... Сакре, абе брк, бар еден од Неш, Коби или Хауард да беше на терен, па и Артест, ја разбирам и одмор и све ама ко да украдеш бомбона од 4 годишно дете ... толку беше лесен и начинот на кој Милвоки стопија дабл диџит предност.

Јако игра ударново трио денес ( бар до сеа, први 2 четвртини ), Коби и Хауард прави лидери, све е поинакво кога они се на теренот во пакет со Неш, покрај ова од горе со џиберов, и офанзивнив скокови иритираат, не може 2 пати по промашено второ слободно овие така лесно да прибираат топка. All in all, индивидуалноста завршуе работа, потребни се драстични промени во одбраната поготово кога играат дечките од клупата, Данливи на каков смешен начин беше оставен да шутира тројка ... ќе видите на хајлатс, гарант тоа ќе го покажат, класичен пример за аматерска одбрана.
 
Конечно лесна победа,уште подобро е тоа што се врати хаурад,некако ми се чини,дека почна да функционира пикот со неш Мора да напраемо една добра серија на победе,да фатимо прикључок,пред ол старот.
 
62 поени на Хауард и Брајант, од 104 на елеј, и двајцата по 31, тоа е тоа, за очекување е со ова темпо Хауард да продолжи па Нежното кога ќе се врати такоџе да ја подигне играта, па и Блејк колку толку фали ко за играч од клупа, кип ит ап, тоа иам само да кажам, Џиберот по поразот од Оклахома им кажал на играчиве дека сезоната им започнува од дуелот со Кливленд, па да видиме што следува ...

п.с. 21 офанзивен на Милвоки, тоа само боде очи, со Хауард под рекет ова не смее да биде случај, треба и он на позиционираењто малку да поработи.
 
За почеток сликава..:pos:
227610_570244399670755_199659579_n.jpg

Сега за натпреварот. Монструозна партија на Коби и Двајт, конечно проработува овој тандем, се е различно кога овие двајца играат. Одлични проценти имаа и Коби и Хауард, само нека продолжат вака. Денес единствен проблем беа офанзивните скокови на Милвоки, едино на ова треба да се поработи како и на одбраната нормално, но друга работа од која сум задоволен се изгубените топки кои лека полека се сведуваат на минимум. Следни се Мајами на домашен терен во четврток, must win match за правење на победничка серија и дигање на самодовербата на максимално ниво.
 
За вечерва бркот изјави дека Гасол ќе биде спремен, НО Калрк ќе го задржи местото во стартната петорка. Кларк ќе е со задача да го чува Бош и конечно да го видам ова Мета ќе го чува ЛеБрон.
За Блејк сеуште нема информации кога ќе се врати.
 
Утре од сабајле случајно да не знаете од каде би можел најбрзо да ја симнам утакмицава т.е. на која страна најбрзо ги аплоадираат утакмиците? Немам шанса да останам до 4.30 за да глеам...
 
Утре од сабајле случајно да не знаете од каде би можел најбрзо да ја симнам утакмицава т.е. на која страна најбрзо ги аплоадираат утакмиците? Немам шанса да останам до 4.30 за да глеам...
Утре ќе видиме де не се брзај. Уште не почната сакаш да ја симнеш хаха
 
Утре од сабајле случајно да не знаете од каде би можел најбрзо да ја симнам утакмицава т.е. на која страна најбрзо ги аплоадираат утакмиците? Немам шанса да останам до 4.30 за да глеам...
јас од заливо на пиратите спуштам, еден Nepotu ги клава, обично на пладне ги има качено
 
Утре ќе видиме де не се брзај. Уште не почната сакаш да ја симнеш хаха
Прашувам некој да не има симињано претходно па да не знае каде најбрзо би ги качиле :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom