Добро поминавме на драфтов.
Од тоа што беше останато, сигурниот потег го изиграа.
Сега на ред е Купчак да видиме што ќе изигра.
Според тоа што моментално имаме само 3 играчи кои ни се под договор, ја би играл на оваа варијанта.
Коби ни е 23М
Неш е 9М
Сакре 1М
да ги потпишеме пак Маршал, Хавиер, Кели, Фармар, Јанг и уште некое дете до кај негде 10-12М, нежниот не би го потпишувал ни под разно..
Со останатите 18М еден суперстар од 15М и еден центар само за сезонава.
Со овој ростер би биле тенки на 4ка и 5ка.
На 4ка би играле Кели и Рендл
5ка што ќе ја донесеме и Сакре би покривал некои 10 минути.
Се зависи од тоа по кој ќе тргнат како суперстар. Јас би идел да се покриеме со јака 4ка сезонава.
Догодина го отпишуваме Неш, плус би требало да ни се зголеми селери капот, па ќе се има пари да се донесе некој плеј, и така моментално ги има за извоз во лигава.
Од кога ќе му заврши договорот на Коби, ќе има пари и за уште една свадба на Амди
Друг начин ќе беше да го даеме Неш и пикот за уште сега да имаме некој земено, ама чим тоа веќе не се деси, ова ни останува.
Долгорочен план ни е ова, ама не гледам друг начин да се оправиме, Коби не уби со договорот.
tl;dr Наредниве 2 сезони ќе немаме ништо повеќе од просечен тим. Спрема тоа каква кошарка се играше во плеј-офот сезонава, и со подивен Коби не стигаме далеку.
Друга тема на муабет е за тренер, таму не пратам што се дешава, ама ако дојде пак некое магаре ко последниве двајца ќе гледаме реприза на последниве 2 сезони.