Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
За тоа најважно е да се намалат на минимум грешките и што побрзо да се враќаат во одбрана.

Чекаа Коби да ги вади од гомна, сега батката го нема и не можат да забушаваат. Плус Коби беше слабост во одбраната пошто го цедеа со предолго играње каде беше и главен организатор на нападот... мислам дека и сега води во посед на топката, ако се води таква статистика.
Дури и еден Микс ќе изигра подобро во одбрана од Коби, ако игра само 20тина минути по натпревар и може да дава се од себе.


Ова го повторувам одкако си отиде Фил Џексон. ЛА немаат плејмејкери за класичен напад, триаголник и Принстон се идеални за овој состав. Посебно триаголникот пошто играчите го знаат.

Каква перверзија, наместо Џексон или Шо, еден Д’Антони ги „игра„ лејкерси со неколку основни триаголник напади и понекој принстон сет, пак наместо еден Рик Аделман кој со тој напад и со Кингс дојде до финале на запад (а ќе земеа и титула да не беа ЛА и триаголникот на Џексон).

А го донесоа Бркот за да ја „забрза„ играта, демек „7 секунди или помалку„... ;)
да ти напоменам Принстон нападот никогаш не освоил титула во НЦАА а камоли во НБА јас одсекогаш сум бил против таканаречениов Принстон иако не е лош напшад но I take Triangle all day any day пред Принстонов но чекајте малце сите го напаѓате премногу Д'антони не викам дека не е зелкар но прифатете ја реалноста моментално е тој тренерот и му треба секаква можна подршка од играчите како и од фановите плус и да се вратеше Фил поради проблемите со грбот немаше да можи да патува на утакмици во гости како што спомна ти пред некое време цела работа уште ја утна Бас со Браун кога го прими за тренер а требаше или Шо да го остави или Аделман.
--- надополнето: 19 април 2013 во 17:48 ---
Нападот си е меѓу најдобрите ама и меѓу “најдобрите“ сме по изгубени топки. Пола и више сезона игравме селска кошарка, фати и рогни од кај стигнеш, Микс затоа имаше лоши бројки, шутираше како нездрав по 4-5 шута во серија откако ќе влезе од клупа и нормално затоа имаше ужасни проценти. Сега во последно време тоа се среди и личиме на нешто, но за да ги пројдеме Спарси мора одбраната да биде на врвно ниво. Не ме чуди и да ги поминеме Спарси, сега без Коби играат поопуштено и некои играчи имаат поголема слобода, пред се Двајт.
Timmy_SR
Ти ако знаеш што е Т(те) напад јас ќе го исечам на сред плоштад. А иначе тука никој не е стручњак, само си коментираме.
Мислиш за Т(те) нападот кој го усоврши легендарниот Dean Smith? :D
--- надополнето: 19 април 2013 во 17:55 ---
Не знам дали постои боље видео на Youtube...
Btw гледај го и Kobe Bryant Going for 6 има едно видео се вика исто е многу добро и морници ми поминуваат кога го гледам има исто едно доста добро Kobe Bryant Mama There goes that man се вика исто е добар микс :D
 
This is my username
Mama there goes that man пред да играм утакмица секогаш го гледав, онака за мотивација, многу добро делуваше на мене, дури и на памет го знам видеото. :D
Абе Т(те) напад мислев на оној обичниот кој го практикуваат и во селските лиги, 4ка и 5ка прават блок на 2ка и 3ка кои се отвараат на две различни страни и после еден од 2ка или 3ка, зависи кој ќе ја прими топката, игра пик со 4ката или 5ката, зависи од која страна ќе биде топката. :D
Иначе за Принстон нападот, мислам дека Ванлок мисли на тоа да се употребуваат примеси од Принстон нападот, а и од Траиголникот, ако грешам нека ме поправи. А еве од тебе дознавам дека со Принстон нападот никогаш никој не освоил титула...
 
Баш тоа го потврдија овие от ТнТ што се Кени д Џет Смит уште компироглавиот кога го примени демек имаа како една емисија само за Лејкерс и дискутираа како Принстон нападот не му одговара на Лејкерс и емисијата се сеќавам точно ја завршија со реченицата "The Princeton offense never won a NCAA or a NBA Championship" е сеа колку држи вода незнам за НЦАА се во право пошто побарав на нет и видов дека стварно екипи со Princeton offense немале освоено досега национален шампионат а за во НБА незнам дали е точен аргументот на Смит а Т нападот ти е најпрост напад што секој можи да го примени јас те разбрав за оној од НЦАА ама нема везе сега баш барам некое видео дали има за "The Return" некако ама сеуште немаат направено а мислам дека битребало добро видео да излези на ју тубов за некое време :D
 
да ти напоменам Принстон нападот никогаш не освоил титула во НЦАА а камоли во НБА јас одсекогаш сум бил против таканаречениов Принстон иако не е лош напшад но I take Triangle all day any day пред Принстонов но чекајте малце сите го напаѓате премногу Д'антони не викам дека не е зелкар но прифатете ја реалноста моментално е тој тренерот и му треба секаква можна подршка од играчите како и од фановите плус и да се вратеше Фил поради проблемите со грбот немаше да можи да...

Види сега вака... :)

Имаше само една причина зошто Сакраменто Кингс не земаа титула во генерацијата со Дивац, Вебер, Биби, а таа причина е... ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС. Никад не поминаа преку ЛА а таа година кога тераа до 7ма утакмица... уште не сум гледал подобра и повозбудлива плејоф серија во животов. Да тибам, ме заголица сега пак да ја одгледам... мада мислам ќе ја оставам за после сегашниов плејоф, да се орасположам! ;)


Бркот не е многу лош тренер генерално, ама бркот е... МНОГУ ЛОШ ТРЕНЕР ЗА ОВОЈ СОСТАВ НА ЛА. Едноставно неговата филозофија на игра е дијаметрално спротивна на можностите и стилот на игра на индивидуалните играчи на овој тим на ЛА. Ова го знаат во секој паб во САД (освен во тој каде што оди Џим Бас).

Иначе и триаголникот и Принстон, па и било кој друг напад, се само алатки, треба мајстор што знае да ги употребува. Триаголникот и Принстон најмногу одговараа пошто не бараат премногу атлетицизам ниту плејмејкер, само вештина, шутери, подавање, влезови и игра под кош...
Уф, мислам дека се што набројав е како скроено за ЛА. :)
 
Види сега вака... :)

Имаше само една причина зошто Сакраменто Кингс не земаа титула во генерацијата со Дивац, Вебер, Биби, а таа причина е... ЛОС АНЏЕЛЕС ЛЕЈКЕРС. Никад не поминаа преку ЛА а таа година кога тераа до 7ма утакмица... уште не сум гледал подобра и повозбудлива плејоф серија во животов. Да тибам, ме заголица сега пак да ја одгледам... мада мислам ќе ја оставам за после сегашниов плејоф, да се орасположам! ;)


Бркот не е многу лош тренер генерално, ама бркот е... МНОГУ ЛОШ ТРЕНЕР ЗА ОВОЈ СОСТАВ НА ЛА. Едноставно неговата филозофија на игра е дијаметрално спротивна на можностите и стилот на игра на индивидуалните играчи на овој тим на ЛА. Ова го знаат во секој паб во САД (освен во тој каде што оди Џим Бас).

Иначе и триаголникот и Принстон, па и било кој друг напад, се само алатки, треба мајстор што знае да ги употребува. Триаголникот и Принстон најмногу одговараа пошто не бараат премногу атлетицизам ниту плејмејкер, само вештина, шутери, подавање, влезови и игра под кош...
Уф, мислам дека се што набројав е како скроено за ЛА. :)
Супер објаснато од твоја страна и комплетно се сложувам со тебе но сезонава кога компироглавиот форсираше Принстон не требаше да го воведи на прво место затоа што како што рече не треба добар Плеј за тоа но ние од друга страна го имаме мајсторот на Пик енд Ролот и еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња Стив Неш но е стар е сега во Принстонот тој немаше да има некоја поголема улога и премногу ќе се движеше без топка и веќе ако примени на почетокот на сезоната Принстон зошто воопшто го земаа Неш мене муабетот ми е како што реков да овој тим на ЛА ги нема алатките за принципот на Д'Aнтони но моментално гомното е сторено тој е на клупата а доколку би го избркале ќе влезат во долгови што уште би ни штетило затоа што сеуште го исплаќаат Браун само ќе речам стариот Бас сигурно се превртува во гроб кога ќе му дојде на помисла дека ја остави најдобрата франчиза во последнава деценија во рацете на еден морон кој 2 и 2 незнае за бизнис и водење на една франчиза се преостанува да видиме идната сезона како ќе течат работите зошто последниве неколку утакмици и толку не форсираат 7 секндс ор лес ме интересира што ќе направи со фул тренинг камп и со фул тим на негово располагање Принглсов... зошто ако ја почни очајно иднава сезона тој како што ја почна Браун ќе му лета главата и него и тоа како во плејоф оптимист сум но што ќе биди нека биди зошто и ако се случи чудо да стасаат Лејкерс во финале не би ми било мило да гледам финале без големиот Коби.
 
League formally approved Jeanie Buss as governor for the Lakers, taking the place of her late father, Jerry.
 
...но ние од друга страна го имаме мајсторот на Пик енд Ролот и еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња Стив Неш но е стар е сега во Принстонот тој немаше да има некоја поголема улога и премногу ќе се движеше без топка...
Стив Неш некад беше еден од најдобрите плејмејкери, сега е ветеран на залез на кариерата кој е тука за водство и 20тина минути по натпревар. Секако ти треба замена како Горан Драгич во тимот, а знаеш што... ЛА БИ БИЛЕ ПРЕСРЕЌНИ ДА ИМААТ НЕКОЈ КАКО ГОРАН ДРАГИЧ ЗА ГЛАВЕН ПЛЕЈМЕЈКЕР. Надвор од Неш, ЛА на жалост немаат (добри) плејмејкери ни за лек.

Стив Неш е легенда, ама не го преценувај во оваа фаза од кариерата. Башка одличен шутер е и со неговата интелегенција ќе се вклопеше одлично во триаголник/принстон. И не е дека не можеш да играш пик&рол сетови во комбинација со триаголник/принстон...


League formally approved Jeanie Buss as governor for the Lakers, taking the place of her late father, Jerry.
Не е ова од фебруари?
Џени е во делот за бизнисот... на жалост.
 
Две интересни видео анализи, едната добра за нас а другата... не толку добра. :)


 
photo.php

Мело со честитка од него и неговата фамилија за брзо опоравување на Коби(y)
 
1. Мора Морис да има значително поголема минутажа и да го чува Тони Паркер оти очигледно добро му оди во тоа и може да му прави проблеми.
2. Нека ризикуваат шут за три поени на Ленард, подобро на него отколку на Дени Грин, Ману или Гери Нил. Ленард и не е некој префинет шутер, не дека е лош али не е ни шутериште
3. МОРА повеќе да се движат во одбраната и да ги спречуваат акциите на Спарси кои содржат многу блокади и движења. Знаеме сите дека Попович има еден неверојатен сет на акции, дури човек и глава да го заболи од тоа колку разновидни акции преферира.
4. За нападот, лесно и едноставно, USE Dwight's power in the paint.
5. Уште нешто за нападот, мора процентот за три поени да биде на солидно ниво, негде над 31-32%, затоа што ако не ги искористат удвојувањата на Двајт ништо од бизнисот.
 
HORNS не е нов напад во НБА, но од пред некој месец Бркот конечно се сети дека ЛА има инзвореден кадар за имплементација на оваа стратигија. Само да разграничиме дека ова се прави повремено, пошто нападов лесно се брани ако тимот постојано го игра само ова.​
 
Момци морам да бидам искрен. Кеиф ми е што ќе играме со САС ама сепак се разочарав што ЛА завршија на 7мо место.

Планот беше 8мо место и станување прв тим што како 8ми земал титула! ;)


Ха ха. Која титула кога без Коби играат.Ке ги збрише СА како шлепер жаба.
 
Ќе видиме младо момче, ќе видиме... Така зборувавте и за влегување во плејоф. Надежта последна умира! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom