Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Се останува на Фил и неговата одлука. Читам дека и Клермосн и Курт сакале да се вратат и дека дополнително ќе го притиснеле Фил да прифати. Пак ќе пишам, Зенот е Зенот, но сепак е ризик. :)
 
Фил Џексон потпиша 3 годишен договор со Лејкерси вреден 13 милиони долари !
Според НБА - Македонија на Фејсбук, потврда уште немам најдено:vozbud:
 
Јас знам дека состанокот е завршен али ништо не е решено во врска со тоа.
 
Според НБА - Македонија на Фејсбук, потврда уште немам најдено:vozbud:
Нема ништо официјално засега. Освен ако повеќе им веруваш на тие „НБА - Македонија на Фејсбук„ одколку на CNN Sports Illustrated, Yahoo sports и лејкерџиските блогови. :)
Сите извештаи зборат дека ќе виде работата, ама уште не е готово. Гарант ги пеглаат условите (читај колку пари ќе треба да платат на мајсторот).
Зенот е Зенот, но сепак е ризик. :)
Да, лесно забораваме колку пасивен и истрошен изгледаше во последната негова сезона со ЛА (2010та). Водење на НБА екипа низ цела една сезона е непрестајна работа, буткање, буткање, буткање да се совладаат милион пречки.
Се надевам само дека Џексон расчистил сам со себе, дека е спремен и може да го прави ова уште еднаш во оваа фаза од животот.
 
Хаха, според едно сценарио изгледа батката бара освен голема плата и да ги преземе менаџерските функции, со други зборови целосно водење на клубот.

Ни слоновите немаат поголеми јајца од Фил Џексон. Му ја е*е ќерката на газдата, платен е како бог и сега бара и да го стопанисува клубот... Цар! (y)
 
Vanlok има право.
Фил треба да се врати на оваа клупа ама треба и да е спремен за нивото што се бара од него. Целта на Лејкерс е титула и ништо помалце. За тоа сведочи и фактот што Браун беше отпуштен по само 5 утакмици од сезоната. Мега трансфер им успеа летово и никој неќе да го прокоцка. Нормално. Фил сигурно ќе бара опасна цифра за да биде ко што сакаме ама истата ќе треба да си ја заработи. Му држи да бара колку сака и човекот е најдобриот тренер што може да го има Лејкерс поради фактот што знае како да се однесува со Коби, а Коби го почитува Фил поради успехот а и целиот став и гледиште кон играта што може да донесе титула. Да не се лажеме, Коби е многу клучен човек во Lakers и целиот ростер и хемијата помеѓу него и тренерот е повеќе од битен фактор за цел тим. А со кого би се сложувал најмногу ако не со Фил. Не е поентата само да се донесе Фил, туку да се освои титулата а Фил треба го одржи нивото што го достигна.
 
Хаха, според едно сценарио изгледа батката бара освен голема плата и да ги преземе менаџерските функции, со други зборови целосно водење на клубот.

Ни слоновите немаат поголеми јајца од Фил Џексон. Му ја е*е ќерката на газдата, платен е како бог и сега бара и да го стопанисува клубот... Цар! (y)

Али чекај да го шутнат Купчак? :eek:

Ја ко што сфаќам, Фил сака да биде „домашен“ тренер. Да тренира со тимот у ЛА, да го спрема тактички а in game тренер да биде Клемонс, затоа што Фил не се осеќал доволно спремен да ги издржи особено напорите при гостувањата...

Чудни комбинации упм, али ако бара да биде и GM воедно, ја не би сакал Купчак да „го јаде“ заради тоа... :)
 
Купчак е најдобар ГМ во НБА. Не верувам дека некој во Лејкерс би сакал да го изгуби тоа... А и не знам како губењето на Мич, му одговара на самиот Зен.

У секој случај, мислам дека Коби веќе нема да има потреба да го “џвака“ дресот. :)
--- надополнето: 11 ноември 2012 во 02:22 ---
И Кевин Динг со најдобриот коментар:

Lakers: Steve Nash for draft picks. Dwight Howard for Andrew Bynum. Phil Jackson for Mike Brown.#winning
 
Не го дира никој Купчак, зборуваме за ингеренциите на Џими Бас (помладиот).
Фил сака слобода на директни одлуки за персоналот и играчите, нормално заедно со Купчак но без мешање од синчето на газдата (момакот познат по изјавата дека 10 случајно одбрани гости од кафана/паб можат да завршат работа како и 10 НБА скаути, по што ги одпушти сите скаути од ЛА и го вработи како главен скаут омилениот шанкер од локалниот бар).
 
Не е никаков ризик Зенот во моментов, па луѓе замислете како ќе изгледа триаголникот со Хауард и Неш... Еднаш го имаше најдоминантниот центар во цела лига во тимот Зенот и видовме што направи, еве сега повторно ќе го има доколку седне на клупата на Лејкерси, не верувам дека ќе ги сопре некој. Абе уште кога потпишаа Неш, Хауард, и овие на клупа што се реков јас дека ќе имаме ебење од тим, само некој да има да го спроведе тоа. Верувајте доколку дојде Зенот потпишувам финале во истата секунда од кога ќе го потпише договорот.
 
Никој тука не го почитува повеќе од мене, триаголникот како филозофија на напад.
Во контекст на тоа треба да разбереме дека триаголникот најмалку зависи од добар плејмејкер. Сетете се на Дерек Фишер кој иако јунак со големо срце, не е некој што има квалитети на класичен плејмејкер... Но во ЛА и триаголникот на Џексон, Фишер просперираше како што никаде немаше да може да просперира (освен можеби во Принстон нападите на Сакраменто Кингс или Џерси Нетс, koи исто не зависат од класичен плејмејкер).

Триаголникот не може да ги искористи квалитетите на исклучителен плајмејкер како што е Стив Неш... момакот кој го рачунаат за најдобар плеј после Меџик (и воопшто мајстор за пик&рол). Хауард е еден од најдобрите и најефикасни рол играчи... Го следите контекстот... пик&рол... најдобар пикер плеј во НБА... најдобар и доминантен рол центар во НБА.
Неш+Хауард е нешто како дрим тим за пик&рол и wet dream за тренерите.
Но триаголникот е далеку од идеално решение за Неш+Хауард.

Од друга страна пак, Неш има 38 години и не смее да се очекува повеќе од 30тина минути по натпревар од него. Ако сакаме да остане здрав и ефикасен.
ЛА немаат друг класичен плејмејкер, а во Феникс и Далас Неш секогаш го менуваше послаба верзија од неговиот тип на играч... и затоа играта во напад остануваше иста и кога Неш беше на клупа (далеку послаба нормално, ама истиот напад).

Епа во ЛА нема кој да го замени Неш и играта со доминантен пик&рол напад да остане иста. Блејк и Морис, па и Духон духачот се маргинални играчи и триаголникот како напад МНОГУ повеќе одговара за да се минимизираат слабостите на спомнативе. Дури Морис ако поработи на шутот, сигурен сум дека ќе стане стартер... во триаголникот од него ќе се бара само да ја пренесе топката и да шутира тројки или понекогаш кога ќе има можност да влезе под кош од слабата страна. Од тројцата гореспомнати е најбрз и игра најдобра одбрана, два атрибути што се ахилова пета на бековските позиции на овој тим на ЛА.



Да резимирам, Фил Џексон (ако е здрав и решен) е најдоброто можно решение за овој тим на ЛА!
Но тоа ќе значи и неискористување на еден мајстор како Стив Неш во последните години од неговата кариера. ЛА имаат тежок избор, посебно зошто од пласманот оваа година зависи иднината на тимот (дали Хауард ќе се реши да остане во ЛА).



За крај еве да се подсетите малку што всушност е триаголникот и зошто е толку тежок за совладување да иако Фил Џексон со него освои 11 шампионати и НИКОЈ друг во НБА не го користи успешно.

Со практични примери:
 
Со оваа игра на Лејкерс, како човек да не помисли дека играчиве не го сакаа Браун во тимот и не беше ова планирано?
 
Со оваа игра на Лејкерс, како човек да не помисли дека играчиве не го сакаа Браун во тимот и не беше ова планирано?
Да и ја тоа си го помислив уште коа беше браун,и самиот коби не се сложуваше со носењето на браун,у ла,а знаемо каков ауторитет има коби,така да све е можно.Само ја не веруам у тоа.едноставно браун не беше тренер за у ла и толку.Каква разлика има у играта сега и коа беше браун тоа е значи чудо едно.а и како да нема кога се користат сите играчи,а не да ѓи цедиш стартерите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom