Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
Ја би ги земал и Батум и Андерсон. На Лејкерс му треба еден таков човек ко Андерсон, 4ка што не промашува тројки, шутер-убица, малце да ја рашири одбраната на противникот и да му остави повеќе простор на Бајнам, а од друга страна Батум е страшна атлета, би го земал без ич око да ми трепне башка дечкото игра одлична одбрана, сите знаеме Леброн какви банани јадеше од него (нема везе ова бананиве онака ги спомнав).

Се изјаснив веќе за наредна сезона, плеј МОРА да се донесе и клупата мора да се ујача. Гасол нека го трејдаат веќе не го бива човекот, или нејќе да игра или камен е, а за него може да извадат две добри засилувања и да ослободат голем простор во селари кепот. Дерик Вилијамс би бил одличен на четворка, или Рајан Андерсон сеедно, а зошто да не и двајцата. И не се секирајте чим Леброн, Вејд и Бош се согласија за помали плати да играат заедно, ова особено важи за Бош, може и Дерон тоа да го напраи. :)
Доста играв менаџер, ова се мои желби, не значи дека ќе се остварат. :)
Епа добра ти е идејата само околу делот кај што викаш Дерик Вилијамс да дојди... не ти се чини малце дека дечкото треба да се докажи во лигата како 4ка па потоа да размислуваме за да дојди во најуспешната франчиза во НБА не е докалемен уште... за 4ка барај играчи од типот на Кевин Лав ЛаМаркус Алдриџ и така натаму а Андерсон како "Spark" од клупа и добар шарп шутер би било одлично а со тоа што би дошол Дерон Sessions би пошол на клупа како добар бек ап. Е дури тогаш нека се плашат Lechoke и компанија ;)
 
Ма ајде чим више ги носиме Кевин Лав ЛаМаркус Алдриџ и Андерсон во ЛА, тогаш Рамон Сешнс ич нејќам да квари просек. За бекап на Дерон јас го сакам Дерек Роуз, па нека се јадат кој ќе биде стартер.
Батум? Може и него зошто да не... а Дерик Вилијамс во втора постава, да ја појачаме клупата!

Кој го сакате за замена на Бајнам? Двајт е повреден иначе можеше он, сериозна му е повредата?
 
gtfo.gif
 
Ок бе а тогаш кој предлагаш да дојди на местото на Пау на 4ка Дерик Вилијамс не е искусен факт е то.
 
Ок бе а тогаш кој предлагаш да дојди на местото на Пау на 4ка Дерик Вилијамс не е искусен факт е то.
Не бе океј е Благоја, секој си има свое мислење, јас го почитувам и твоето и на Ванлок. Можеби у право си за Дерик Вилијамс али во детето има голем потенцијал и зошто да не добие шанса? Али доста си играме менаџер кога тешко овие да дојдат. :)
Иако јас сум убеден дека ќе има промени во Лејкерс, мора нешто да се смени зошто не иде вака. И нека се фатат од најслабиот дел, од тренерот (не во килажа секако :D ), едноставно се докажа дека не е за голем клуб и то је то.
 
Јас мислам дека може да му се даде уште една шанса на Браун...знам дека и Коби е веќе во години, ама Браун колку е крив, толку и не е за поразов.
И он нема шо да прави со таа грда клупа. Толку им е силата.
Значи да се разбереме имаше многу ситуации кога Браун зезна работа, како прво тие две добиени утакмици против Оклахома да беше зенот на негово место немаше шанси да ги загуби, ама сепак мислам дека заслужува уште една шанса
 
Можеби, ама СВГ нема да биде на располагање следната година.
СВГ има реноме на стратег кој може да скрои стратегија спрема ростерот, прва лига тренер. Заедно со Попович се двајцата најдобри активни тренери во НБА.

Браун е просечен тренер. Солидна одбрана, подпросечен напад... и преспоро реагира „во лет„. На ЛА им треба подобро.
 
Читав можно е Џери Слоун да го ангажираат Лејкерси... ама колку има вистина во ова незнам.
 
Не знам колку пратите, ама секој слободен и неслободен играч е поврзан со Лејкерси. Од памти век е така... Трампа, купување и какви не други сензации. Си пуштат мува од својот камп и си билдат цена играчите. Така да, летото е долго, одморете и не постирајте( а и верувајте) се што ќе се напиши околу езерџиските трампи.
 
Да така е, тоа не е само во кошарката, го има и во фудбалот. Пошто сум навивач на Челзи знам од искуство пред 2 години, секој 2 играч беше поврзуван наводно со Челзи, па ни еден од нив не отиде.
 
Читав можно е Џери Слоун да го ангажираат Лејкерси... ама колку има вистина во ова незнам.
Слоун е добар тренер, можеби премногу олд скул ама мислам дека е подобар од Браун.

Не би го менувал Браун за Слоун после само една сезона. Од друга страна... Стен Ван Ганди дефинитивно не смее да се испушти, ако е можно да се донесе.
 
Гледам се развило дискусија.За Гасол после глупостиве што ги направи последниве две години незнам кој би сакал да го види во своите редови не е истиот Гасол од пред две години.Се што треба Лејкерс да направи е да создаде добра клупа зошто со 5 играчи не се може цела сезона.Браун и не е толку крив ако има клупа друго ќе биде водат 7-8 разлика го вади Коби или некој два првотимци и одма ги стигаат.
 
Pau Gasol reportedly asked to be traded to the Chicago Bulls? сега излегоја и вакви гласини... а повеќе од сигурно е дека Ламар Одом се враќа дома каде што припаѓа. :D:D
 
Одом рекол дека сака да игра во ЊуЈорк.

Гасол ќе оди таму каде што ќе го дила ЛА, не таму каде што сака тој.
За да го разменат во Чикаго, ќе треба да се најде трет тим во размената. Единствен играч кој Чикаго сакаат да го дадат е Бузер, кој е трипати полош играч од Гасол, посебно во одбрана. ЛА би се согласил за размена во која би го добиле Денг (плус некој друг за да се погодат платите), ама нема шанси Чикаго да го даде него.

Како и да е, ЛА следнава сезона нема да биде со Бајнам и Гасол заедно. Еден од нив си оди а муабетот е дека и Бајнам не 100% сигурен... Заслужено, битангата играше само кога сака тој.
Мислев дека така ќе биде само во регуларна сезона и дека ќе даде се од себе во плејоф.
Погрешив, дечкото е примадона. Башка со неговата склоност кон повреди мислам дека сега е идеално време да се размени... Бајнам никогаш нема да има поголема вредност за ЛА од сега (во смисла на разменување).

Освен ако Купчак не направи некое чудо со размена на Гасол јас би идел на сајн анд трејд со Њу Џерси: Бајнам за Дерон Вилијамс и Лопез. (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom