Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Клајн со индивидуални тренинзи, брзо до враќање на терените и со ова Клоп прв пат сезонава ќе има фул состав на располагање.
 
Кај ке ни биде крајот... Мбапе, Вернер, Хавертз(или како и да се пишуе) :love:
 
Брустер поштено си гази у Свонси... еве денес пак гол даде и тоа веројатно за победа[emoji1690]

Sent from my SM-A530F using Tapatalk
 

Се гиба овај. Имаше слична изјава и после утакмицата со Тотенхем во ЛШ, еве го сега и денес. Не е тајна дека е можно засилување за на лето, ама се чини и самиот Вернер притиска за трансфер кај нас.
 
Уште 12 бода...

Силна утакмица денес. По 1-0 на почеток мислев ќе си биди лагано, ама Вест Хем не се даде баш лесно, барем не како против Сити. Се помачивме, ама вредеше.

Иначе, Кеита денес не така лош како шо се и коментарите ми се чини. Не толку лош, колку шо играта не му одговараше него како на Окс.

Трент :cuc:

Off to Watford.
 
Медиа тимов гори :D

Хендо, бесен пробува да ги среди, Боби кур му чуе дреме на Инста, Робо пун идеи сите глупи ко кур, Куртис само голот против невертон му е у глава, Џоел умара со глупи факти а Дејо Мајсторе ни сам не знае зошто го викнале, инстант сака да се изгуби у некоја кафана и да учествува у групна туча со 3 кила ракија у него.


Еве ги и блуперс хахахаа

 
Не ме загрижува овој резултат колку што падот на формата. После паузата, освен Алисон, колективно играат катастрофално. Со Норич се мачеа, со Атлетико и Вест Хем исто а еве сега со Ватфорд кулминираше. Среќа предноста во лигата е огромна, ама проблем е ако продолжи ваквата форма и со Атлетико. :confused:
 
Последно уредено:
Не ме загрижува овој резултат колку што падот на формата. После паузата, освен Алисон, колективно играат катастрофално. Со Норич се мачеа, со Атлетико и Вест Хем исто а еве сега со Ватфорд кулминираше. Среќа предноста во лигата е огромна, ама проблем е ако продолжи ваквата форма и со Атлетико. :confused:
И да испаднеме од ЛШ пак е успешна сезона. Башка сега после поразот не се брка тој рекорд и може комотно да се ротираат играчите во ПЛ и да се фокусираме на ФА куп и евентуално ЛШ доколку поминеме. Волку мирен после порази не сум бил никогаш, што доволно покажува на какво ниво е клубот. Ќе си ги освоиме тие 12 поени што недостасуваат порано или подоцна и тоа е тоа.
 
Мене ме плаши овој пад на формата. Имавме лоша утакмица со Норич и со Вест Хем (Атлетико мислам дека беше нормално да победи дома, иако да немаме ниедна шанса е лош момент, се согласувам). После ова вчера сум длабоко засекиран. 12 поени кои треба да ги освоиме се малце, ама ние играме лошо. И плус имаме утакмици со Челзи, Арсенал и Сити кои треба да се играат, кои со оваа спремност на тимот ми се гледаат ко црнило пред очи.
Се надевам на брзо враќање на Хендерсон, неговото отсуство е сеприсутно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom