Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
ЦМ Мата ќе се изгуби против нас да игра, ама секако не е тоа муабетот. :D Ај ви направив гужва во фан клубов, да не ве замарам повеќе. Мада штом не ми се убаци некој да ме отера во 3 лепе, пропаднала и Какгана ко форум. :D
Затоа скаузериве највеќе си ги поштувам од фан клубовиве. Досега не само Стелт, во било кој друг фан клуб да се водеше дискусијава, гарантирам дека ќе искочеше некој со "мрш од тука муабети".
А има и такви што критиката ја сфаќаат како да си му отепал некој во фамилија. :D
 
Мислам дека Ерера е еден од најпотценетите играчи сезонава, но сепак, уште му треба да биде на ниво на Крос, Модриќ и остала класа средњаци кон кои треба да се стреми Клоп ако сака да направи нешто. Добар дел од играчиве што ги има се добри, ама не се многу добри.

Ако требаше да научи нешто од Роџерс, тоа е дека одличниот напад не освојува титули, туку солидната одбрана. А ова што го има Клоп позади е смешка, со исклучок на Клајн... За Матип имам променливо мислење, перформансите му се ептен топло ладно.
 
Не не, чекајте малку другари. Озбилно ми го зимате како аргумент престојов на Роџо во СЕЛТИК? Па ако Германија е Баерн лига, што останува за Шкотска? Сите екипи освен Селтик се полуаматерски, да не зборам за буџети и такви ствари, еј Роџо газел во ШКОТСКА.:vozbud:
Роџерс не гази, Роџерс убива во Шкотска, секоја минута помината таму поставува нов рекорд, веќе освои тој комјунити шилд, ќе лапа лига и најверојатно куп. Со една сезона ќе дојде на пола од тоа што Клоп го има освоено а на крај само тоа се важи, нели?

Колку сака нека има пари, не можеш да го занемариш фактот што цела сезона нема пораз и има само еден нерешен натпревар.
 
Роџерс не гази, Роџерс убива во Шкотска, секоја минута помината таму поставува нов рекорд, веќе освои тој комјунити шилд, ќе лапа лига и најверојатно куп. Со една сезона ќе дојде на пола од тоа што Клоп го има освоено а на крај само тоа се важи, нели?

Колку сака нека има пари, не можеш да го занемариш фактот што цела сезона нема пораз и има само еден нерешен натпревар.
Не си озбилен, 100%. Споредуваш ШКОТСКИ комјунити шилд и евентуални титули во куп и лига против Хиберниан и Инвернес, со 2 бундес титули. Не не, ова е веќе нов левел на хејт и Роџо-лавинг.
Може и Седлоски да го земат, гази со Вардар сезонава.
Али година ипол максимум да добие, иначе ќе лета и он.
 
Мислев дека знаеш што се дешава во моментов со Шкотската лига, како стои табела се' додека не прочитав дека пиша „евентуална титула“, затоа, џабе тераме муабети. Ако ништо друго, отвори рез.цом и ѕирни.

Во врска со Седлно, не, не гази, пошто ваљда ќе го попуши од Шкендија у купот, ваљда.[DOUBLEPOST=1488586877][/DOUBLEPOST]Ако пратиш, нормално, би знаел и тоа.
 
Направи директна споредба со успеси во шкотска и германска лига.
Аналогно на тоа, тебе еднаква вредност ти има завршувње пред Абердин и Баерн.
Па и секоја минута рекорди рушел :))))))))))))))))))))))
 
Па руши рекорд, веројатно ќе го сруши и рекордот на освојување титула со најголема разлика после второпласираната екипа, нешто што лани мислам го постави ПСЖ. Ваљда тоа пошто Селтик има пари и плаќаат за тоа, не дека Роџерс е солиден менаџер.

Како и да е, пошто треба да ти се црта, полека, во пеинт, не реков дека Роџерс е подобар од Клоп, не реков дека Клоп сакам да биде избркан, туку по 100ти пат (веќе ме мрзи истото да го повторувам ама мора, зошто си фурате некоја фикција дека некој тука го мрази Клоп, ко слепи за стап се имате фатено), нека се разбуди од сонот наречен Бундес Лига и нека почне да купува квалитетни играчи.


:)))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))))
 
Направи директна споредба со успеси во шкотска и германска лига.
Аналогно на тоа, тебе еднаква вредност ти има завршувње пред Абердин и Баерн.
Па и секоја минута рекорди рушел :))))))))))))))))))))))
Поентата му е дека можеби секоја будала можи да освои титула во Шкотска со Селтик ама не секој можи онака партали да прави што самото по себе значи дека Роџерс е добар менаџер и кога има услови можи да испорача резултати. Алегри исто кога имаше услови со Милан зеде титула, кога немаше јбг си замина (или го отпуштија уатевер). Ене во Јуве пак освојува и тоа наследи тим што е доминантен таму. Слаб менаџер е Алегри? Ама па од друга страна со оваа одбрана со Ливерпул не би освоил ПЛ во никој случај. Сега сфаќаш? Дај му ги условите на Роџерс (да си носи играчи какви сака) и партали ќе прави. Што патем во Ливерпул не му беше дадено до тој степен. Од друга страна Клоп го има тој луксуз а си игра курташак.
 
Фала ку**у конечно се свестил клоп дека треба класа играчи. Двајца најмалку,а шест најмногу сакал на лето.
 
– Тато тоа Ливерпул да не е некаква серија.
– Не сине, зошто прашуваш?
– Па вие навивачите постојано ја чекате следната сезона.
 
Читам на ЕСПН дека има одврзани раце со број на играчи, одврзани раце за вредност на играчите и позиции.

Спаваш ли мирно фудбалска европо? :D :D
 
Читам на ЕСПН дека има одврзани раце со број на играчи, одврзани раце за вредност на играчите и позиции.

Спаваш ли мирно фудбалска европо? :D :D

Т.е спаваш ли мирно Мајнцу,Келну и Кајзерслаутену? :D
 
Можеби финале ЛШ за Роџерс е недостижно со Селтик ама глеј го што праи у Шкотска, пола бод нема изгубено, најверојатно ќе освои и куп.
E со ова мислам дека ќе престанат сите дискусии за тоа кој е најдобар тренер во светот. Штом највероВатно ќе освои КУП НА ШКОЦКА тогаш излишни ќе бидат сите муабети за Пеп, Мурињо, Симеоне, Конте и компанија.
 
E со ова мислам дека ќе престанат сите дискусии за тоа кој е најдобар тренер во светот. Штом највероВатно ќе освои КУП НА ШКОЦКА тогаш излишни ќе бидат сите муабети за Пеп, Мурињо, Симеоне, Конте и компанија.
Дечко, ако не пратиш шкотска лига продужи даље.
25 бода им бега на вторите, и додека го пишувам ова 10 рекорди паднаа веќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom