Ете јас како најголем хејтер на Лукас сега имам пофални зборови за него на мечот со Евертон, пошо изигра добро, спречи неколку акции што е и негова работа, а не да ми го фалите имал 90 посто прецизни пасови со Пепе Рејна, значи негова работа е да сечи акции со што е можно почисти стартови, а со Евертон тоа го имаше, а се надевам и на сите утакмици навака ќе го гледаме таков. Иначе имаме проблем со креативноста, бавно се кројат акции и се изнесува топката. Од Адам очекував некако повеќе да понуди на тоа поле, по се изгледа тој треба да се менува со Џерард, бидејќи Лукас и Адам слабо функционираат, и двајцата се бавни, а за разлика од Адам, Џерард полетува со топката. Што е до мене јас сепак би го седнал Лукас на клупа и во средина ќе го играм Адам како деструктивец кој може многу да помогне во напад, сличен играч на Андерсон од Јунајтед, заедно со Џерард, лево крило Даунинг и десно Кајт/Макси...Одбраната и нападот изиграа одлично. И треба повеќе минутажа да добива Белами, бидејќи ако не влезеа во игра тој и Џерард уште 90 минути гол немаше да дадеме макар да играа и со двајца играчи помалце.