Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Треба да искочи Лукас сега и да се иде поофанзивно.
 
Џерард и Белами во игра на местата на Адам и Даунинг
--- надополнето: Oct 1, 2011 1:20 PM ---
редно време беше, Керол стрелец :)
 
Фативме ритам, 2 победи во серија во ПЛ, сега на ред се Јунајтед на 15
 
Се надевам Џерард ќе биде фит за со јунајтед да ја изигра цела утакмица, иначе ништо не праиме. Хаос ни е средината, не може една акција ко шо треба да се организира. Само да не испадне да жалиме по Аквилани и Раул, ни требаат такви играчи. Да не го добиеа црвениот овие комшииве, ќе го јадевме денес.

Со среќа/помош од судија или не, битно победивме. +3 бода на конто.

Честито победа, очекувам подобра игра од наредното коло.
 
тоа што го реков тоа и испадна црвен картон и два гола :) нострадамус сум
 
Ги стопивме и тоа на Гудисон. Влезе Стиви Џи и одма 2 гола. Тоа мајстори, кини ги тие гниди !
 
среќа денес имавме на велико. иако и они имаа среќа кога веќе ни свирнаа таков мутав пенал, па кајт реши да се коцка.

за црвениот да не зборам. катастрофа
во прв момент си помислив еј добро е сврина фаул (бидејки суарез се исплетка ја изгуби топката) па самиот фаул беше премија. кога се фати за картон жолт ќе беше престрого.. мислев по грешка му се фати црвениот. претерано, престорого, што е фер - фер е. добро за нас, ама тоа немаше врска со црвен картон.

фали организација на игра. џерард мора да се врати, друга екипа сме со него на терен.
според мене најдобар денес (иако според скај беше суарез) за мене лукас. лукас е прероден, далеку пред сите со формата оваа сезона. го има секаде, борбен, паметен, дефанзивно незаменлив, офанзивно солиден. ко ќе ми текне колку не сум го сакал... или научи да игра со тек на време (после толку шанси добиено во прв тим) или талентот сега му доаѓа до израз.

и покрај голот, керол ми оди на нерви.
суарез една од послабите негови утакмици
како и да е.. играта не ветува многу, резултатот супер. на крај тоа е тоа што ни треба.
 
Е вака веке може........2 утакмици без игра ние победувавме.... тоа е она што ни фалеше досега овие години!

Инаку дали мене ми се чини или Керол веке 2-3 утакмици за ред добива пофалби за неговата игра!

На ред се Скамс......на ред е Стиви Џи...... на ред се 4 гола..... :D
 
Злато вреден човек ни е Енрике .. одличен и во напад и во одбрана. Колку за него дадовме 5М? за Адам 9М .. овие двајца многу помалку платени а се одлични , за разлика од нив Керол и Хендерсон 35М и 20М тотални дрвца .. Хендерсон коа игра ќе ја допре топката 3-4 пати во цел натпревар , не се ни гледа на терен исто како да играме со 10мина .. а Керол со Волвс беше одличен .. малце станав оптимист во врска со него .. и што напраи вчера .. освен голот ( уште и тоа да не го дадеше ) се губеше. Вчера очигледно беше дека ни требаше човек брз како Белами , а не висок .. али тоа е тоа Кени заебава помалце. Лукас го бива само за дефанзива .. како што рече и коментаторот на Спорт Клуб , Тотенхем свесно го пуштаа да организира напад .. а што уствари Лукас може да организира? Одличен е само да прекине акција и некој да фаулира. Одкако влезе Џерард играта каде каде живна .. добро е што се враќа. Па ајде за 2 недели да ги згазиме педерите!
 
Ете јас како најголем хејтер на Лукас сега имам пофални зборови за него на мечот со Евертон, пошо изигра добро, спречи неколку акции што е и негова работа, а не да ми го фалите имал 90 посто прецизни пасови со Пепе Рејна, значи негова работа е да сечи акции со што е можно почисти стартови, а со Евертон тоа го имаше, а се надевам и на сите утакмици навака ќе го гледаме таков. Иначе имаме проблем со креативноста, бавно се кројат акции и се изнесува топката. Од Адам очекував некако повеќе да понуди на тоа поле, по се изгледа тој треба да се менува со Џерард, бидејќи Лукас и Адам слабо функционираат, и двајцата се бавни, а за разлика од Адам, Џерард полетува со топката. Што е до мене јас сепак би го седнал Лукас на клупа и во средина ќе го играм Адам како деструктивец кој може многу да помогне во напад, сличен играч на Андерсон од Јунајтед, заедно со Џерард, лево крило Даунинг и десно Кајт/Макси...Одбраната и нападот изиграа одлично. И треба повеќе минутажа да добива Белами, бидејќи ако не влезеа во игра тој и Џерард уште 90 минути гол немаше да дадеме макар да играа и со двајца играчи помалце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom