Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Друже, нешто зезаше вчера форумов па не успеав да ти вратам, па ќе ти пишам сега.Ама и со 250 пак пека да си оди, али не го пуштаат у стил ајде нека крши глава да му ги извадиме парите.Тоа е моабетот

Руни првиот пат кога побара да си оди, го направи тоа во еден мааалце релативно лош период за клубот. Годината пред тоа клубот ги изгуби и Роналдо и Тевез во едно лето, голем удар ќе беше за амбициите на клубот да се продаде и Руни, затоа му ја покачија платата и му дадоа нов договор.
Е сега, вториов пат затоа малце си играат hard ball со него. Да го направеше ова во истиот тој период, ќе добиеше услови, но сега еве два месеца скоро како поминаа и оставен е без никаков контакт од клубот. Сакаше тој на иста фора да добие пак покачување ама нема, гледа дека не го бара никој со оглед на неговиот начин на живот и годините кои го стигаат. Си ја сви опашката и изгледа ќе си остане под истата плата. Освен ако не сака да мрзне гз на -50 во Дагестан. Заклучок - поинаку е со Руни, тој знае и самиот дека тешко ќе му е во друга земја да живее, жена му нејќе да се сели, тој веднаш ќе направи некој скандал во Париз со курви, само сега проба по втор пат да извади пари од клубот на ист начин.
Инаку не е работата дека не сме шиткале ние играчи на ПЛ тимови, Верон отиде во Челзи, Микел исто така уште незаигран во наш тим го пративме во Челзи само што ни платија оштета...
За во странство шиткање, Роналдо и ние го пративме во Реал, кога некој ќе изрази желба џабе е да го држиш против негова воља, само што фер беше со Роналдо што клубот знаеше навреме што планира и не ги остави на цедило.
Муабетот е, Ливерпул на пример не беше во можност со Торес да бира каде ќе го продава зошто и вие тогаш имавте тежок период и безизлезна ситуација. Нови газди, неиграње во ЛШ, продадени Алонсо, Арбелоа и Маскерано, а за Торес само Челзи даваше 50 милиона. Разликата е што како што излегоа муабети од пред 5-6 месеца, вие сте знаеле дека Торес веќе не е истиот тој Торес и нема ни да биде најверојатно поради колената, затоа и во 5 до 12 сте го пратиле на лекарски прегледи, за да не го прегледаат целосно. Нешто како Милан што му направија на Реал со Кака.
А за Суарез сега нема ни вие да го дадете на друг тим во Премиер Лига ако веќе го давате, ќе видите. Тоа што побарал да си оди не е нешто неочекувано, верувајте, такви се Јужноамериканците. Покварени се 95% од нив, Лукас што ви се погоди мирен е еден случај во илјада. Гледате, ниту ценат тоа што ги штител некој, ниту ценат што им давал поддршка. Смешно е само што мисли дека ако отиде во Реал раат ќе е од новинари, истите тие новинари од Ас и Марка што Мурињо го избркаа од Реал. Само ќе треба да се извадат добри пари од него ако веќе решил да си оди.
