Грешно ме разбра, не го обвинувам само Роџерс, туку зборам општо за Ливерпул. После Бенитез се оди некако надолу. Ниту го барам Бенитез ниту го бркам Роџерс, туку сакам да се исправат некој работи, кој или не ги гледаме или не сакаме да ги видиме.
Значи пошто немаме пари за скапи играчи со високи плати, мораме да градиме тим од младинци кои понатаму ќе бидат ѕвезди. Е то моментално го нема кај нас. Сите играчи се со педигре од Бенитез, и се на исто ниво од тогаш или се далеку полоши, освен Суарез кој го купивме покасно и кој е во иста форма цело време. Мора да напредват играчите, мора да се работи со нив, на тактички, физички, голгетерски план, неможи само да се земат и пушти ги со талентот нивни да играт.
Кој го знаеше Алонсо, Гарсија, Риера, Бенајун, Арбелоа, Реина... па сите имаа каде каде подобри резултати од сега. Неможи Реина да заборај да брани, неможи Кол да игра убо во сите тимој освен во Ливерпул, неможи Керол во Њукасел да дава 11 гола на полусезона, во Ливерпул да неможи да мрдни, итн...
Зато велам дека Ливерпул мора да се преиспита малце, сега не ни осговара Реина ќе го продаваме, утре Суарез нема да ни чини ќе го продаваме и него, други ден некој трет. И до каде така?
Мора тимот да напредва, мора играчите да работат неможи да се очекува од талентот нивни.