Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Еве интересна анализа за тоа што одигра Торес оваа сезона во дресот на Ливерпул!

http://www.empireofthekop.com/anfield/?p=28267&utm_source=twitterfeed&utm_medium=twitter

--- надополнето ---

Честито новите напаѓачи. Мое мислење е дека завршивте одлична работа. Конечно Ливерпул со 2 шпица, после Овен-Хески дуото. Останува да видиме како ќе се покаже Суарез во ова првенство, а за Керол неам зборови. Различен тип на фудбалери, млад и перспективен тандем, тоа е тоа. А менаџерот сигурно ќе ја среди работата многу подобро од Хоџсон и Бенитез.



Баш во тој период бев во околината на Кливленд и живеев со цимери Кавс фанови. Какви беа само насловните на весниците, сите беа разочарани до максимум. Но, за разлика од Шпанецот, Леброн е дете од Кливленд, пораснал таму, учел, тренирал. Дури и пред еден ресторан имаше истакнато билборд "No bisque for Lebron" :icon_lol:

Фала за искрените честитки...:!!!

Што се однесува до Предавникот......
Пред само неколку месеци тој изјави дека нема да настапува во ниту еден клуб од Англија освен за Ливерпул....
Пред неколку денови тој изјави дека тој е професионалец и дека останува да си ги исполни обрврските до крај

За сега изненадно на 3 дена пред крајот на трансфер периодот да го остави тимот да се снаога да ја пополнува дупката која тој ја испразни!

Ете затоа сите сме разочарани од него..... се надевам дека и сите ке не разберат зошто сега сите пукаме на него!
 
пошто помина преодниот рок и се знае кој дојде, сега и јас нешто да пишам...
прво за засилувањата... керол е врвно засилување, само е малку преплатен, ама мислам дека за брзо време ќе покажи дека вреди за секое евро/фунта дадени за него... одличен избор на кени
суарез... хммммм... што да кажам??? прво, по мене нестабилен играч, докажан во првенство барем дупло послабо од англиското. не е навикнат на овој стил на игра, па ќе помини време додека го/ако го видиме најдоброто од него!!!
за заминувањата... добро е што се откачивме од торес. копуко појче сметаше годинава отколку што правеше нешто позитивно за клубот. во изминатиов период повеќе време минуваше во закрепнување од повреди отколку на терен. мислам дека челази згреши шо го купи, особено за толку многу пари , но тоа е добро за ливерпул.
за кончески нема многу да коментирам, дечкото е ок, само не се снајде најдобро во ливерпул. му посакувам многу среќа во новиот клуб.
бабел е ОГРОМНА ШТЕТА што замина, мислам дека тој ОДЛИЧНО ќе ја покриеше левата страна, онаа која сега остана некако празна. ама да знаеја газдиве дека торо ќе си оди, сигурно немаше да го дозволат тој трансфер. лево сега можиме да ги очекуваме макси во прво време, а после можи и кол/кајт.
единствено место кое не е потполни, а ТРЕБАШЕ И МОРАШЕ, особено по трансферот на торес и парите собрани од него е местото централен дефанзивец. тоа е најслабата точка во тимот, овие кои се тука прават несватливи киксови и еден играч од типот на шукрос или кејхил одлично ќе дојдеше, особено што имаше услови и ПАРИ за тоа да се оствари.
адам немаше потреба да се носи, особено поради фактот што на располагање се стиви, раул и лукас, а има и некои млади играчи на кои МОРА да се посвети внимание. плус, адам и не вреди толку многу колку шо бараше блекпул.
за наредната сезона треба да се донесат неколку играчи и тоа, барем 2 дефанзивци, еден лев бек и крило. им завршуваат договорите на таиво и на рио кокер, па мислам дека ќе бидат одличен додаток, а со парите од аквилани и нешто плус можи да се донеси јанг или хазард, па тимот да се комплетира во средниот ред и нападот. за во дефанзива еден или двајца од лескот (сити не го играат), кејхил или шукрос, а ефтина и солидна варијанта е и милито од барса, кој е слободен (искрено незнам дали замина некаде во јануар), или гарај од реал.

и за крај, со новите засилувања, тимот би требало да изгледа вака...
реина, кели (карагер), шкАртел, агер, џонсон, кајт, стиви, раул, макси, керол и суарез.
повеќе шанса треба и мора да добие кол, а за макси пишав погоре.
позз
 
Има ли некој сигурна информација за должината на повредата на Керол?

Некаде читав уште 2 недели ќе го немало, а на други места дека ќе бил фит пред утакмицата со Челзи.
 
ај честито керол и суарез и фала на торес па да ви се погодат и на вас и на нас
нема потреба од плукање по торес човекот ви донесе двајца добри голгетери а од управата сега можете да си ги земете адам и јанг
али вчера новинарот на скај кажа дека реднап испратил барање до адам но овие го одбиле затоа што немало доволно време да се комплетира трансверот затоа би било супер да си побрзате
ривалски поздрав
 
Прашање до фановите на челзи шо пишуваат тука и до фановите на Ливерпул...Дали Ливерпул даде како клауза да торес не игра некој 2-3 натпревари против Ливерпул?(се мисли на првите 2-3)
 


--- надополнето ---

Прашање до фановите на челзи шо пишуваат тука и до фановите на Ливерпул...Дали Ливерпул даде како клауза да торес не игра некој 2-3 натпревари против Ливерпул?(се мисли на првите 2-3)

Нема таква клауза.
 
Моментот на пречекувањето!

Видете ја насмевката на лицето......како што кажал докторот кој го прегледувал на Медицинските прегледи, не сум видел досега таква срекна насмевка!

hs2e9nj:iphone
 
Со среќа нека ви служи новиов напад. Се надевам ќе праат партали, па да го гледаме оној стариот и добар Ливерпул. Поздрав.
 
ОВа е веќе нов тим... МОраше ова да се случи.Нов почеток
Едно чудо е колку се разликува овој состав од на пример тој кој го победи Реал Мадрид 4:0
Гледам клип од таа средба.Ги нема: Торес,Алонсо,Маскерано,Досена,Бабел и Бенајун ...
Помина овој преоден рок.Уште следниот и мислам дека подоцна треба да се стабилизираат работите
 
'The one thing I will say about Suarez and Carroll is we have bought fighters - two players that look as though they will fight to turn games around that is the one thing I could never say about Torres or Babel, when games weren't going our way Torres tended to have his hands in the air, and Babel was just anonymous after his first 20 mins. In this department I think we have made two shrewd purchases.'

'Carroll and Suarez might well form an awesome partnership: Carroll a battering ram and a great finisher, Suarez better at the tippy tappy and also with a great record for assists.'

'But it's Carroll whom I think is a decent buy - irrespective of the fee. Remember, he's English and that naturally carries a premium regardless of talent - see Carrick. M who cost over £18m for evidence - and Newcastle didn't want to sell their talisman. Anyone who has seen Carroll first hand this season will tell you he's a real talent.'
 
Иако го мразам ливерпул од дното на душата и тие серковците што викаа да се вратиме кога ќе освоиме 18 титули...нејсе, честито новите играчи и честито Кени Далглиш !
Верувам дека ливерпул ќе се врати на стари патеки во топ 4ката каде и му е местото, сметам дека колку оди подоле оваа екипа, толку е полошо за премиер лигата, бидејќи не сите екипи во Англија се екипи со традиција, моќ и историја...може оваа сезона нема да се види епилогот од овие трансфери, но следната сигурно...
И да, торес е вошливо пиченце одамна го тврдам тоа...
поздрав момци
 
Иако го мразам ливерпул од дното на душата и тие серковците што викаа да се вратиме кога ќе освоиме 18 титули...нејсе, честито новите играчи и честито Кени Далглиш !
Верувам дека ливерпул ќе се врати на стари патеки во топ 4ката каде и му е местото, сметам дека колку оди подоле оваа екипа, толку е полошо за премиер лигата, бидејќи не сите екипи во Англија се екипи со традиција, моќ и историја...може оваа сезона нема да се види епилогот од овие трансфери, но следната сигурно...
И да, торес е вошливо пиченце одамна го тврдам тоа...
поздрав момци

извини но да ве прашам кој е сега новиов тим во големата четворка ? или сега големата тројка сте хаха абе ливерпуле е тој кој што ја води големата четворка и поради една лоша сезона која што настана поради она апашине кој дојдоа и опустошеа се и сега едвај се опорацуваме и вие велите да се врати во големата четворка немој молимте
 
Топ 4ката која не постои од лани .(инаку така новинарите ги викаа знаеш кого заради нивната редовна позиција над 5тото место)
и ако ова навистина го имат изјавено и не е извадено од контекст- http://www.telegraph.co.uk/sport/fo...p-level-club-now-after-leaving-Liverpool.html

стварно незнам што да речам.Битно си го најде местото во тимот со такви играчи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom