Фан Клуб: Ливерпул

Статус
Затворена за нови мислења.
Немојте да го урочите Поулсен, пак да не биде дрво.:)
 
mirales pocna da igra :)) toa se ceka od nego golovi od distanca .. i pousen e soliden .. samo MAKSI treba da se smeni toa e toa so ni treba solidno LEVO KRILO :)
 
Ајде ајдееее! Честито победа, да ни се множат! :)

Победа на гости со дадени 3 и непримен гол, не ми текнува кога последен пат се десило тоа :)


+ Торо даде 2 гола
 
Тоа е тоа што се очекува од Мираљес... одлична партија, едноставно незапирлив, можеби да имаше уште еден играч во нападот би бил уште поопасен, но и вака одлично одигра........Играч на натпреварот!!!

Инаку Поулсен не дека одигра за 10, но сепак ова е друг Поулсен од што сме го гледале досега во дресот на Ливерпул. Искусно запираше акции на противниците кога највеке требаше. Можеби не беше баш најснаодлив во додавањата, но сепак беше присебен во моментот кога одлично го пронајде Мираљес.

Торес ... иако даде 2 гола, сепак мислам дека е премногу загреан за да даде гол....ги заборава другите, воопшто не додава, не сепак задоволство је кога го гледам дека има 2 гола покрај неговото име.

Агер се врати..... одличен во дуелите, Шкртел исто така, се гледа колку помогнало комбинирањето на овие два играчи заедно со Кара.

Се чудам кога гледам колку тоа добро игра Џонсон на левата страна. Можеби не е оној истиот со препознатливите пробиви по десна страна, но сепак го поби фактот кој велеше дека Џонсон не знае да игра во одбрана, одлично!!!

Кели.... според мене ниту Џонсон не би можел да му го земе местото!

Лукас....со неговите вообичаени грешки...кога најмалку треба то комплицира, пр. глупавите фаули пред шеснаесетник!

Кујт... стандардно... Дурацел батериите сеуште користат, но сепак според мене требаше Пачеко да влезе на негово место во тие последни 30-ина минути на крајот.

Макси....на почетокот беше изгубен.... сепак како минуваше наптреварот одлично затвараше и се вракаше назад.

Шелви... се гледа дека има потенцијал момчето, само му требаат натрпевари за самодоверба.


Се надевам дека ке влеземе во една добра серија која ке не врати онаму каде ни е местото!
 
Значи едно требаше да влезе за Меирелеш да се научи како се дава гол на англиски терен.
Ми скурчи гледајќи како дава вакви голови за Португалија а за Ливерпул никако да го фати нишанот.

Ама голот беше совршенство!

Се гледа различна игра. Првиот и последниот гол беа многу слични. Одлична партија, конечно да покажат дека можат да играат. Верувам дека со Далглиш ќе се сменат работите, само би сакал и да го задржат за подолго. За 3 дена го дигна нивото на мотивација пред се на Торес, што е фала богу најбитно за нас. Се знаеше дека резултати нема да има преку ноќ, ама ете веќе фатија ритам.

А, и целата акција за последниот гол брои 31 додавање.
 
Се гледа дека фали уште еден човек у нападот, тука позади Торес, баш ради тоа мислам дека Суарез би бил одлично засилување. Вака коа ќе го видам како се враќа Торес до наша половина за да допре топка се ежам. И очекував дека ќе го замени после вториот гол, поради тоа што имаше жут а не беше баш внимателен со стартовите, ама на крај излезе супер. :)

Првиот и третиот гол се пример за тоа како треба да се одвиваат акциите. За сите што беа скептични околку Кени и што сакаа Рој да остане: АКЦИЈА ОД 30 ПАСОВИ и ГОЛ!!! Го нема мртвилото во играта, одлична раздвиженост на играчите, одлична контрола на топката, конечно можам со гордост да гледам како игра Ливерпул, а не да се срамам зашо играме бункер и не можеме да мрднеме од наша половина, небаре сме навистина од тимовите што се борат за опстанок.
 
Супер е тоа шо победивме,ама не преценувајте пребрзо....Ипак ги тепавме Вулверхемтом и тепавме 1 утакмица.Има уше време дур се врати Ливерпул по старите патеки и во горната позиција.За да иаме влез во Европа,треба до крај на Пл да неаме ниту еден пораз и да иаме поеќе победи од нерешени.А сите знаеме дека тешко ќе биде тоа.Ама сепак како викаат,надежта последна умира.
 
Најискрени честитки.. се надевам Ливерпул ќе продолжи вака :)
 
Имаш право :tv:

Wolverhampton+Wanderers+v+Liverpool+Premier+p68iIqc_9-vl.jpg


:back:
 
Глупости....сме ги победиле Волвс на гости. Па фала богу редно беше еднаш да победиме. А оти Пачеко на доби шанса наместо Аурелио не ми е јасно. Дефинитивно детето нема иднина овде само затоа што е Шпанец! Како може еден Спиринг и еден Еклстон да добиваат шанси а Пачеко не тоа не ми било јасно никогаш. Па и еден Шелви што летото дојде добива шанса а Дани е овде година и пол и ништо. Ќе ни треба лево крило оти ако мислите дека Макси е добар грешите.Лев бек исто. Глен е добар ама затоа што не му иди на десна да центрира затоа нема продори напред и си седи назад.Кели мислам дека си го зацементира местото. Глен да продолжи како лев бек или да оди како крило не ќе е лошо. Раул одличен и не ми е јасно за кој кур го бараат Чарли Адам ?Што ќе ни е тој ? Играч од средина....веќе имаме неколку: Џерард,Раул,Лукас,Поулсен,Шелви,Спиринг.....уште тој фали.Инаку добра утакмица само ќе треба да се продолжи вака

--- надополнето ---

Дааа бе оваа судеше :) хахахахахах
ја имам поголеми цицки од оваа :pos2::pos2::pos2:

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

--- надополнето ---

Мастер....сите сме свесни дека ние е потребен целосен ремонт на екипата, но биди реален и посочи ми ја екипата која на полусезона купуваше по минмум 5 играчи ?

Ние не сме тие, ниту сакам да бидеме па макар останале на средина на табелата!

Значи поентата ми е во тоа што, во еден тим да доведеш пр. 5 играчи и тоа на Полусезона , тимот ке стане комбос!
Подобро 1-2 играчи сега, за да колку толку не се створи раздор во екипата затоа што уште тоа ни треба нам и да се сликкаме.

На крајот на сеозната да се донесат уште толку, да се повлечат некои од младите фудбалери како Вилсон, Шелви, Кели, Сусо и мислам дека би било сосем доволно.
А за тоа ти како тргна, ја те разбирам како да сакаш ние да изгледаме како Сити или Реал или некој друг!

Синко никој не рече зимава 5 или 10 играчи да носиме. Како што и сам рече 2ца па на лето уште 2ца или 3ца и доволно е. Не знам оти си продолжувате со таа дискусија
 
Дааа бе оваа судеше :) хахахахахах
ја имам поголеми цицки од оваа :pos2::pos2::pos2:

Ја јадам у големина на цицки, ама со носот тука негде сме :)
 
Јас незнам само зашто Торес делува толку фрустриран. Само се расправа со противнички играчи, после секоја одлука оди и збори со судијата, цело време е на граница на картон. Не беше порано ваков се надевам дека Далглиш ќе го смири.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom