- Член од
- 29 август 2009
- Мислења
- 327
- Поени од реакции
- 23
Браос Розенберг, потребни се таквите фанови како тебе. Човек реалист! .. и јас воопшто не сум задоволен од ситуацијата во Ливерпул. Пред две сезони секој меч на Ливерпул го следев со голем ентузијазам, се воодушевував на борбеноста на играчите (сечење на топка со клизачи уште не стигната до противничкиот играч) а сега ситуацијата е сосема обратна. Ама тоа го оправдувам со заминувањето на клучни играчи, и доведување на играчи кои не можат да го фатат ритамот по П Л - ( Аквилани, Н' гог). Време е за големи промени! Ама со кој финансиски средства? Можеби се наоѓаме во најтешкиот период на Ливерпул од неговото постоење. Премиер лигата стана најпрестижната лига во светот! Голема конкуренција, финансиски богати екипи, квалитетни играчи..и др. Можеби веќе никогаш Ливерпул нема да биде веќе она што беше низ децениите наназад. Единствена светла искра која доаѓа од крајот на тунелот ја гледам во доаѓањето на некој богат претседател кој ќе внесе ренесанса во клубот.