Фан клуб : Лина Ѓорческа

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа никогаш нема да игра на ГС оваа... :(

Денеска изгуби во првото коло од квалификациите на УСО

Противничка и беше една Аргентинка што не ја бива на тврда подлога, одлична шанса беше ова, дури и почна добро , 3-0 и 5-3 водство имаше ама...

Беше прекинат мечот поради дожд, така да ја мислам да беше добро времето ќе победеше... то е...

Преку сила уште година (мооожеби две?) и давам како шанса, ама изгледа ќе останеме (барем според моето знаење) без македонска тенисерка што настапила на Грен Слем турнир...
 
Да ја обновиме малку темава, Лина вчера со титула во Романија (40,000$), нејзина втора титула од оваа категорија турнири. Ова беше трето финале во серија за Лина (два порази претходно) што ќе и донесе напредок до 239 место на ВТА. За неполн месец Лина напредува 116 места на ВТА што е показател дека ја крена формата и игра добар тенис периодов. Следниве две недели ќе игра на посилни турнири што е шанса за уште подобар ранкинг. (y)
 
Лина дефинитивно игра во врвна форма, ново финале утре во Букурешт (60,000$), четврто по ред! Ја гледав денес, изигра одличен меч против добар противник. Со победа утре влегува пак во Топ 200. Ајде Лина!! :aplauz:
 
Лина од утре ќе игра во Самсун (WTA125 турнир), и во прво коло има за противник поранешен Бр. 1 - Каролина Плишкова, која е со WC на турнирот и нема скоро ништо играно сезонава. Би било убаво да победи играч од таков калибар.
 
Лина од утре ќе игра во Самсун (WTA125 турнир), и во прво коло има за противник поранешен Бр. 1 - Каролина Плишкова, која е со WC на турнирот и нема скоро ништо играно сезонава. Би било убаво да победи играч од таков калибар.
Тек денеска играше против Плишкова и ја доби со 2-0 во сетови.
 
Го гледав мечот, лесна победа за Лина, но се виде дека Плишкова доаѓа од тешка повреда и е пред крај на кариерата. Како и да е, Лина запиша победа против некогаш најдобра тенисерка во светот што е огромна работа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom