Фан клуб: Кожуф

  • Креатор на темата Креатор на темата bakigvg
  • Време на започнување Време на започнување
Вториот играч кој потпиша за Кожуф покрај Филиповиќ е Томислав Ивошев, еве што велат пријателите од Србија за него:
Ivosev, izvanredan igrac. Snazan i raznovrstan krilni centar. Drugi igrac Madjarske Lige po indeksu. Po meni puno bolji igrac od Subotica ili Djekica. Ne mogu verovati da je potpisao u MKD.
 
Вториот играч кој потпиша за Кожуф покрај Филиповиќ е Томислав Ивошев, еве што велат пријателите од Србија за него:

Браво браво... Спремаат јак тим Кожув исто така и Лирија..
Ќе биде многу интересна наредната сезона :D
 
Радуловиќ потпиша за КК Кожув, веќе во денешниот број на Македонски спорт можете да прочитате повеќе. Се најавуваат и нови засилувања.
 
Од пред некој ден КК Кожув е трансформиран во Акционерско друштво во кое како основач се јавува Општина Гевгелија (иако мислам дека парите се уплатени од спонзорот). Покрај Филиповиќ, Радуловиќ, (за Ивошев не се знае дали ќе дојде) во клубот беше и Стефан Живановиќ од Србија, најнов играч е Александар Штерјов што играше во Варадр и МЗТ минатата сезона. Првиот тренинг е закажан за понеделник на 6ти август, а се очекуваат и неколку нови играчи на проба.
 
Кошаркарите на КК Кожув го одржаа својот прв тренинг во Спортската сала 26ти Април пред околу 200 гледачи од кои 50ина навивачи од навивачката група Фантоми. Покрај играчите кои останаа од минатата сезона, на првиот тренинг се појавија и новите играчи, Владимир Филиповиќ, Дарко Радуловиќ, Стефан Живановиќ и Александар Штерјов.

Во текот на оваа недела се очекуваат да дојдат уште неколку играчи на проба, од кои едниот е познат Македонски играч што игра во странство.
 
Игор има гевгелиска жичка, со новолисичанкса = добитна комбинација :)
 
Знам со сигурност дека не го продолжи, моменталната екипа на КК Кожув е: Виктор Ефтимов, Апостоли Апостолов, Горан Главчев, Марко Велковски, Томче Ристов, Деан Вегов, Петре Цветков, Слободанчо Хаџивасилев, Петар Апцев, Владимир Филиповиќ, Дарко Радуловиќ, Стефан Живановиќ и Александар Штерјов и Игор Пенов. Тренер како и минатата година е Горан Вркиќ.
 
Официјално: Димитар Караџовски во КК Кожув, веќе утре треба да пристигне во новиот клуб.
 
одлична вест :vozbud:до каде е работата со Ивошев, има ли шанси да се врати ?
 
Ивошев поради неговата несериозност уште првиот ден е ослободан од обврските спрема КК Кожув.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom