Фан клуб: Кожуф

  • Креатор на темата Креатор на темата bakigvg
  • Време на започнување Време на започнување
Демолиран Работнички синоќа со 87-51! Оваа сезона и Пелистер и Струмица ни пружија поголем отпор од ѕвездите на Работнички.
 
Од пред некој ден е завршена изградбата на новата сала, во која Кожув најверојатно ќе тренира, исто така има и една трибина за околу 500ина гледачи, а ќе има и сопствена теретана. Исто така Спортската сала 26ти Април се реновира, реалтивно новиот под, ќе биде целосно заменет, а ќе бидат реновирани и соблекувалните. Најверојатно зад кошевите од наредната сезона ќе се постават монтажни трибини кои треба да го зголемат капацитетот на салата на 2000 гледачи, што е предуслов за играње на АБА лига. Претпоставувам цел на клубот ќе биде Купот на Македонија и влез меѓу најдобрите 4 во БИБЛ лигата. Во поглед на играчкиот кадар, се знае само дека Кожув наредната сезона ќе биде многу посилен. Најверојатно од странските играчки само Пековиќ ќе остане, ќе имаме и нов тренер, а ќе има промени и кај домашните играчи. Да не шпекулирам со имиња, во наредниот период очекуваме официјална потврда за сите промени во клубот.


sala nova n.jpg sala renovira .jpg
 
Potpisha li Pekovic?

Од рекла - казала или така наречени чаршиски муабети потпишал. Иначе тешко интернет страница за озбилен клуб каков што претендира Кожув да биде, па кога ќе видиш само и 2-3 имаат во Македонија, зошто Кожув би одстапувал од тоа ? Единствено Драган ако објави нешто на ФБ.
 
Пековиќ потпиша, Караџовски си заминува најверојатно, а уште не се знае за Пенов, Гоцевски и Штерјов дали ќе останат.
 
Конечно бидна и тоа чудо. Кожув доби интернет страница http://kozuv.com.mk/ :vozbud: Да се надеваме дека постојано ќе се ажурира, барем со една вест дневно текст/фото вест.
 
Сега читам Апостоли Апостолов ви се вратил во екипа. Кај беше овие година две?
 
Првиот дел од подготовките го завршија од 18 до 25ти август во новата сала во Гевгелија. Одлично изгледа, има мала трибина со 5 реда клупи, има вентилација за жешково време. Исто така во склоп на салата ќе има теретана, сауната е веќе поставена а се чека и на џакузито. Кошаркарите на Кожув се во Златибор на 2ри завршуваат со подготовките таму, а од 3ти до 4ти ќе играат официјално со Партизан, а неофицијално и со ОКК Белград и ФМП. Салата 26ти Април е исто подновена, тргнати се столчињата за домашните навивачи, и тој дел од трибината е за стоење, сменет е подот, реновирани се соблекувалните, а поставени се и нови кошеви според ФИБА стандардите. Од играчкиот кадар од денес приклучува Брчков, а од утре и Албијаниќ кој беше со репрезентацијата на БиХ. Најверојатно ќе се засилиме уште со еден домашен играч/репрезентативец. Апостолов најверојатно паузираше од кошарката две сезони :)
 

Attachments

  • sala nova.jpg
    sala nova.jpg
    3,9 MB · Прегледи: 39
Кожув сјајно во Пионир

Денес беше одиграна и втората контролна средба во која Кожув и покрај поразот од белградски Партизан со 74:80 се претстави во одлично светло. Иако Кожув на стартот ја презеде иницијативата и стигна до предност од 0:5, сепак Партизан успеа да се консолидира и да заводи со 12:8 за на крај првата четвртина да заврши 20:17.

Во наредниот период се играше динамична и интересна кошарка во која резултатот варираше од нерешено до 7 поени предност за Партизан за на крај полувремето да заврши 44:37. Третиот период се играше изедначено, а тоа го покажува и самиот резултат со четвртина која заврши 17:17. Последниот период Кожув продолжи со агресивна и брза игра која резултираше со подобра резултатски одиграна четвртина во која погодивме 20 поени додека домаќинот уфрли 19 кошеви.

Исто така за нагласување на денешната средба е тимскиот дух во која секој од играчите даде свој придонес за вака впечатливиот настап на Кожув. Така Миладин Пековиќ уфрли 19 поени од кои 5 погодени тројки. Кораќ Никола постигна 13 поени и подели 7 асистенции, додека Владимир Брчков постигна 11 поени, 4 скокови и 2 блокади. Албијаниќ, Богоев и Ивеља се приклучија со по 8 постигнати поени, додека Филип Шепа постигна 7 кошеви.

http://kozuv.com.mk/кожув-сјајно-во-пионир/
 
При резултат од 65-65, на 22 секунди до крајот, Миладин Пековиќ постигна кош за победа и конечен резултат од 65-67 над ФМП! Од статистиката: Албијаниќ 11 поени, 6 скока и една блокада, Пековиќ 11 поени и 4 скока, Јанушевиќ 10 поени, 5 скока и 2 асистенции, Ивелја 10 поени и 3 скока, Брчков 7 поени и 4 скока, Кораќ 6 поени и 3 асистенции, Шепа 6 поени и 4 скока, Богоев 5 поени и 2 асистенции.
 
Кавала - Кожув 64:71 . Миладин Пековиќ 12 поени, 4 скока и 2 асистенции, Владимир Брчков 11 поени и 3 скока, Милан Јанушевиќ 10 поени, 5 скока и 4 асистенции, Никола Кораќ 10 поени, 4 скока, 3 асистенции и 6 загубени топки, Драшко Албијаниќ 9 поени и 13 скока, Владимир Ивелја 6 поени и 8 скока, Филип Шепа 5 поени, Ефтим Богоев 5 поени и 2 асистенции, Златко Гоцевски 3 поени, Апостоли Апостолов, Марјан Јованов и Јован Николов не влегоа во игра.[DOUBLEPOST=1410463028][/DOUBLEPOST]Од домашното првенство, прво коло дома со Карпош Соколи, второ против Куманово.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom