Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Читам Киеза сака да си оди, не сакал да игра Алегрибол више :facepalm:
 
Не знам дали Алегри отвара социјални мрежи да види дека сите коментари за него се негативни, дека никој не го сака во Јуве, а тој упорен сака да остане. Има богат договор да, ако му е до парите што не сака да си оди, но и арапите исто му нудат богат договор, а тој не сака ни да слушне за таму..Јок нека станува веќе, да земеме нов тренер да се пробува тактика со сегашните и новите играчи што ќе дојдат итн...
 
А кој сака да игра под палката на Алегри освен син му Де Шиљо? Факт е дека со неговата умрена тактика, страшно ги лимитира играчите, посебно оние во нападот... Не може за клубот да се толку мртви, а кога ќе појдат во репрезентација едноставно да процветуваат.
Вчера имаше поставено Јувентус на својата фб страна видео од најдобрите стрелци последните 10 години, сите имаа +20 гола, освен последниве 2 години каде Дибала имал постигнато 15, а Влаховиќ 14 гола. Првиот си замина од клубот, вториов е на добар пат и тој да фати усвет. Всушност ова е одлична слика за тоа колку назадувала тактиката на Глобил од неговиот прв мандат...
Јас не знам од каде му доаѓа тој грб на Алегри да сите околу него се криви освен тој...сите да го јадат, и да си заминуваат освен тој. Со што заслужил? Ги одбил Реал на времето? Кур ме боли ако ги одбил, јас моментално гледам дека резултатите што ги вади се на исто ниво како Дел Нери. За куќна слава ќе го земам тој ден кога проклетијава ќе го напушти клубот.


Тоа што МДШ е во клубот не е крив никој друг освен Паратичи и Недвед

Дај бе Деви ти се молам со муабетиве, па од сите играчи кои играле последниве 10 години, зомбиво беше лична и најголема желба на Алегри, Милан славеа кога ни го дадоа тогаш. Недвед и Паратичи можеби имаат многу гревови на душа, ама за овој трансфер се чисти како солза, дека нит го посматраа како потенцијално засилување, нит беа заинтересирани да го доведат...тоа беше чиста желба на Алегри, тоа е факт кои сите го знаат. 2017 не беше така одамна сепак.
Самиот факт што еден Де Шиљо еве веќе 7 сезона ќе ја помине во овој тим, е еден од најголемите порази за овој клуб во 126 годишната историја.

Де Чеље за него беше Клаудио Џентиле
 
televisa-intro.gif


Цело лето сеа ќе се бафтаме со Алегри...
 
Chitav neshto demek kje sme se otkazhele od Konferenciska samo za da Uefa ni prosti.
 
На Векија Сињора читав дека ако господин Џунтоли дојде во Јуве, првото нешто ќе биде клоца на господин Алегри.

Прва желба на Џунтоли му бил Нагелсман, ако не Нагелсман..Конте....

Ме бендисва тоа што Џунтоли знај што му е потребно на тимов...(нормално, ако е вистина ова).
Автоматски споено мислење:


Sarri: Vo celokupnoto moe fudbalsko iskustvo nemam sretnato covek kako Giuntoli. Nema igrac na planetava shto ne go poznava.... :) :) :)
 
Последно уредено:
Јувентус нуделе 12 милиони за Париси, Емполи барале 16-17 :unsure: . Верувам дека ќе најдат заеднички јазик, чим веќе се договориле со играчот.


2025:kajgana: Да почнеме да му палиме свеќи за добро здравје на Господинот Кристијано Џунтоли, дека тој моментално е последната надеж што може да ја избрка оваа црна чума што навјасала врз клубот. А богами каква сериозна фаца има човекот, верувам дека и при најмала криза ќе му ги удри клоците на Алегри.

. IMG_20230623_200017.jpg

Не бе, ова Италијанкиве се посебна сорта на жени, не е можно во сите да се затрескувам :ljubove::love::pipi::backa:
 
ЕСПН вечерва: Алегри ги прифатил новите цифри на Ал Хилал.

Ајде аирлија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom