Епа уморени ќе се, коа си играа играчки на почеток на сезона
Како и да е, остварена нова победа, Манџо е дефинитивно играчиште, за него нема изгубена топка и нема умор. Алекс Сандро е се подобар и во дефанзива и особено напред, а Квадрадо знае да забега, ама е далеку подобар од првите утакмици кога дојде, па коа сакаше да дрибла само, а не и да оди напред. Денес создаде неколку акции, некогаш сакаше невозможно да направи, ама мислам дека треба да проба да се откупи (се шпекулира дека Конте би го барал назад), во спротивно би требало да се бара крило за таа позиција, затоа што Лихштајнер колку и да е борбен и енергетичен, не е толку пробивен во напад.
Ругани ми е ист Бонучи од пред неколку сезони, кога играше добро, ама во секој момент можеше да направи некоја глупа грешка. Сепак, како и со Бонучи, се што му треба е искуство и добро да е игра кога некој е повреден, а не да се прават експерименти со некое од крилата во одбрана.