Ова е останато од Конте менталитет, дај еден гол и дреми после до крај.
Па ова е Фросиноне бе, не е Барса па да чувате резултат.
Денес сите освен Лемина и периодично Переира и Квадрадо, се друго беше очај.
На зима обавезно нов десен бек, од Лиштајнер веќе нема никаква корист.
Заза иако даде каков таков гол, воопшто не ми се допаѓа, многу неозбилен и недисциплиниран играч.
Погба исто игра многу несериозно и премногу опуштено.
Бараљи иако многу го сакам како играч, дефинитивно веќе не е за прва постава.
И досега на сите утакмици примеќам, скоро сите 50/50 топки ги губиме, а тао е резултат на незалагање.
Ако после ова, следниот пат кога ќе имаат водство од 1 гол разлика против ваков тип на екипи ако не запнат да дадат уште некој гол да ја затворат утакмицата јас одма би го сменил Алегри.