Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не ми е целта да изгледам како гомнојадач, ама некои работи мора да се споменат. Одамна имам пишувано дека во натпреварување од елиминационен карактер среќата, тековната форма и подготвеност и уште неколку доста варијабилни фактори влијаат врз успехот. Квалитетот се разбира дека влијае, ама многу помалку отколку во натпреварување каде што секој игра со секој (првенство).
Затоа треба со нозете на земја да одиме во 1/2 финалето. Сезонава немаме играно против тим од калибарот на Баерн, Барса или Реал. Најквалитетниот противник на кого наидовме беше Атлетико и не поминавме многу добро. Во групите пак имавме проблеми и тоа истите како лани. Неспособност за создавање шанси и летаргија на теренот. Некако успеавме да ги поминеме, а потоа со Борусија искрено изигравме одлично. Во првиот меч бевме доминантни и тој 2-1 резултат изгледа крајно нереално. На реваншот им одигравме докторски. Ама Дортмунд се 10то место во Бундеслигата.
Монако какви и да се, имаат карактер. Во елимнациона фаза играта која ја игравме е прифатлива и затоа секоја чест за сработеното. Сепак и Монако е тим кој е четврто место во Франција.
Поентата ми е да не се прецениме. Реално знаеме дека останатите тимови со 1/2 финалето се многу поквалитетни од нас. Посебно Барса и Баерн кој покрај квалитетот го имаат и неверојатниот пресинг што знаете како може да ни се одрази при нашата константна несигурна игра на дефанзивците во одбрана. Реал не е на ниво подолу во квалитетот, ама дефинитивно е на ниво подолу во поседот на топката и пресингот од Барса и Баерн и затоа изгледа како најидеален противник за нас. Не сакам да ни се случи фијаско, а ќе ни се случи ако мислиме дека сме го достигнале врвот со стигање во полуфиналето. Не смее да се дозволи Јуве да биде понижен од било кој клуб. Затоа сега нека баталат Серија А и апсолутно сите физички, умствени и тактички капацитети да се насочат кон полуфиналниот дуел. Оти екстремно тешко ќе биде.
И само да ни го дадат трофејот на славетеНајдобро ќе биде да ги избегнеме Реал, Барса и Баерн.![]()
Јас мислам дека нема да има преценување, особено поради фактот кои се можните противници, и кој и да се падни ќе ја има фаворитската улога на маса во поглед на проекциите, прогнозите и проценките. Но не секогаш прогнозите излегуваат како што треба а особено во фудбалот. Едноставно треба да си излезат на терен и да си ја играат играта онака како што си ја знаат независно дали противникот се викал Баерн,Барса,Реал или Емполи, Парма и Џенова.Поентата ми е да не се прецениме. Реално знаеме дека останатите тимови со 1/2 финалето се многу поквалитетни од нас. Посебно Барса и Баерн кој покрај квалитетот го имаат и неверојатниот пресинг што знаете како може да ни се одрази при нашата константна несигурна игра на дефанзивците во одбрана. Реал не е на ниво подолу во квалитетот, ама дефинитивно е на ниво подолу во поседот на топката и пресингот од Барса и Баерн и затоа изгледа како најидеален противник за нас. Не сакам да ни се случи фијаско, а ќе ни се случи ако мислиме дека сме го достигнале врвот со стигање во полуфиналето. Не смее да се дозволи Јуве да биде понижен од било кој клуб. Затоа сега нека баталат Серија А и апсолутно сите физички, умствени и тактички капацитети да се насочат кон полуфиналниот дуел. Оти екстремно тешко ќе биде.
Сигурно Марота сам си ја намалил платата од толку штедењеШто пара земаат Марота и Паратичи...баш ме интересира
Мислам дека беа околу триЈас мислам дека нема да има преценување, особено поради фактот кои се можните противници, и кој и да се падни ќе ја има фаворитската улога на маса во поглед на проекциите, прогнозите и проценките. Но не секогаш прогнозите излегуваат како што треба а особено во фудбалот. Едноставно треба да си излезат на терен и да си ја играат играта онака како што си ја знаат независно дали противникот се викал Баерн,Барса,Реал или Емполи, Парма и Џенова.
Сигурно Марота сам си ја намалил платата од толку штедење
Мислам дека Марота зема околу 2 милиони, а Паратичи 1,5. Не сум сигурен.
Брат статијава е од 30ти ноември.
10тиБрат статијава е од 30ти ноември.