Во генерала целосната таква политика во Италија ме иритира тотлано значи срамота е ама па Италијанците сакат созреани играчи иако во последните неколку години мрдна работата во споредба со минатите што е добар знак, ама и фередацијата е крива до негде остај ти не гледај Шпанските и Германските сите имаат Б тимови, а ФИГЦ одби милион пати тоа да се случи...
Покрај недозволување на Б тимови во пониските рангови на Калчото,ФИГЦ има далеку поголеми гревови кои го уништија и доуништуваат Италијанскиот фудбал. Наместо со своето делување да го придвижува калчото во нагорна насока, ФИГЦ го закопува се подлабого со своето (не)работење, и тоа континуирано се случува од кога Џанкарло Абете е поставен на чело.
1. Успеаа од ТОП 1 првенство до 2004 година, првенство во кое се тепаа да играат Зидан, Роналдо и слични нив, Италијанскиве екипи беа на ниво да еден Лацио можеше да лупне 50 милиони за Гаиска Мендиета, Рома им го искешира Батистута на Фиоре за 32 милиони евра. Тоа се суми кои сега ниту еден тим во Италија не може да си дозволи во шпекулациите на гоал.ком, а камоли во реалност, а сведоци сме колку само пари се трошат во Англија, Шпанија, Германија па и Франција со арапите.
2. Месождерите ФИГЦ, исто така го делат подеднакво колачот од ТВ правата на сите клубови (нешто со што се единствени во светот), т.е. Јуве,Интер и Милан добиваат исто пари како Сасуоло,Каљари и Киево, со што автоматски им кинат дел од приходите на тимовите што ќе се пласираат во ЛШ, и груба проценка од лани, прочитав некоја статистика, клубовите од првите седум места во Премиер лигата зеле 50 милиони повеќе од Јувентус. Значи, повеќе пари ќе земе клубот од ТВ права ако заврши 7-ми во Англија отколку прв во Италија. И после се чудат дебилите зошто освен освоениот трофеј на Интер пред некоја година, друг италијански тим не може да стигни до 1/4 финале, а камоли финале. Со кои пари? Ањели и Морати (мислам и на Рома челниците застанале позади тој план) лани демонстративно ја напуштија седницата во ФИГЦ и најавуваа заеднички настап на судски процес (наводен), поради тоа што предложија ТВ правата да одат правопропорционално со вложувањата во клубот. Значи кој тим повеќе вложува во играчи, тој да добива повеќе пари, ама тука стапија на сцена кловновите Лотито,Зампарини и Де Лауреантис, заедно со гардата од Парма, Џенова со Пресиоси, Фиорентина со чевларите, и други клубчиња кои сакаат со 100.000 евра вложени да земат 10 милиони од ТВ права. Е тоа е причината што Сериа А во моментов тони, и тоа саглам, и не гледам во блиска иднина можност да се смени оваа ситуација. Морати крена раце од Интер на Индонезиец, ете го и Селино веќе деновиве официјално ќе го шитне Каљари на Катарски конгломерат, а во 2004 да спомнеше некој дека топ Италијански клуб ќе биде продаден на странски сопственици, ќе имаше смртни закани и немири од самите ултраси.
3. Тука ФИГЦ нема голема улога. Даноците. За играчот да добива фул 9 милиони плата во Италија, клубот треба да плати уште 4 одприлика (сите даноци вкупно), што автоматски уште повеќе ги става во понеповолна ситуација Италијанските клубови во однос на другите. Со кои пари?
4. Стадионите. За да изградиш стадион во Италија после нормално пари, ти требаат едно два-три кубици документи, декларации, папирологија, адвокати и врски во централна и локална власт, да добијаш дозвола, па ќе те рекетираат (како што се случи со Селино со Каљари) и да сакаш да изградиш ќе ти бараат мито, и ќе си го бараат чарето во Лидс Јунајтед.
5. Сума-сумарум - Италијанските тимови кога преговараат со ТОП играч мора да се натпреваруваат со парите на арапите а мора да мислат дека во таа нерамноправна конкуренција уште од стартот почнуваат со голем минус од ТВ права, голем минус од даноци, минус од приходи од стадиони. Епилогот, се знае. Еден посран Халк, го скапаа бркање и Јуве и Интер и Милан, за на крајот да замине во Зенит.
ЗЕНИТ!!!