Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Во врска со тоа од која минута ќе продолжи мечот,
Постарите љубители на фудбалот ќе се сетат на мечот помеѓу Милан и Звезда кон крајот на осумдесетите 88 или 89 година (и јас не се сеќавам, не сум бил толку стар, сум имал 7-8 години:) ама ми раскажувале и сум гледал по интернет). Првиот меч во Милано завршил 1-1, во реваншот Звезда водела со 1-0 и мечот бил прекинат поради магла во 60 и некоја минута. Следниот ден мечот се преиграл од почеток, значи од 0-0 резултат и истиот завршил со 1-1. Потоа Милан победил на пенали 4-2.
 
Уште не е официјално, нашите барале да се одигра во 15 часот. Останува на клубовите да се договорат.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 22:50 ---
Терминот е сега 14 часот, се чека УЕФА да произлезе со свое мислење.



во рок од 2 саати ( од времето на прекиникот на утакмицата ) ако не се договорат двете страни уефа одлучува тогаш кога ма да можда и боље е од 2 саат или 4 нема ваљда да паѓа снег цел ден ...
 
Во случај утре ако се одигра, утакмицата ќе започне од 31 минута, со 4 минути надокнада на прво полувреме.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 23:05 ---
 
ОФИЦИЈАЛНО: Натпреварот Галатасарај - Јувентус ќе се доигра утре од 13.00 часот по македонско време.
 
Официално утре сите од 13 00 да го гледаат Јувентус.Ова може да се каже дека дојде како 1 на 10 сигурно дека публиката нема да биде толку бројна колку вечерва .А и сами забележавме дека секој гледач ,навивач свире........
 
1501836_10201219325267002_963724258_n.jpg
 
Ова е лошо за нас, утре повторно ќе има почетен притисок на Галатасарај да се тресиме првите 10 минути.
 
На барње на турската полиција ќе се одигра во 14 часот. Нашите играчи уште не се стигнати во хотелот, сообраќаен хаос низ Истанбул.
--- надополнето: 10 декември 2013 во 23:55 ---
Утре најверојатно во 9 часот ќе се има состанок за да се одлучи дали 13 или 14 часот.
 
Турциве сеа ќе си одат дома на топло. Утре ќе станат звежи и спремни за натпреварот додека нашиве до 12 беа заглавени со авотобусот низ Истамбул поради премногу гужва. Ќе треба среќа утре за да поминеме.:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom