Не му судам, и јас сакам да почекам да видам како ке биде, ама ми изгледа како играч од типот на Пепе..што мислам под тоа? Играч што е ограничен, не ми изгледа дека ке донесе нешто ново во Јуве, играч што е некоја мешавина од Де Чеље и Киелини да речеме.
За Касерес, го сакам заради неговото однесување(чоекот седи на клупа без збор), во право си одличен читач на игра е, мн пасови од среден ред во напад знае да пресече, ама мислам дека слабост му е тоа што е физички послаб каде каде од сите други наши централни дефанзивци. Али дека е подобар од Пелусо тоа сум сигурен, и искрено ми сметаше на неколку пати од кога дојде Пелусо тој почнуваше наместо Касерес, во ситуација кога Касереш беше одморен цел прва полусезона и чека ваква некоја ситуација на повреда за да упадне да игра. Крај на крај Касерес го купивме за 11-12 мил, овој за 5-6 таму колку незнам. И ако планира Конте да го става Пелусо пред Касерес, нека си оди слободно дечкото пошто заслужува повеке...