Тоа е, бидна што бидна, дуелот со Челзи си го направи своето. Сега дури видовме колку е тешко кога ти игра екипата без тренер на терен. Има право тој погоре што пиша, Карера многу подобро ја вршеше работата одколку Алесио, ама не им замерувам ниту на двајцата. Уште 2 натпревари без тренер и потоа ќе можеме слободно да дишеме. Потегот на Кваљарела што изгледа му пререче нешто на Анџело не ми се свиѓаше, Конте сигурно ќе го стави на клупа следните 2-3 натпревари, и ќе му даде шанса на Матри/Бендтнер.
Вчера
ДЕФИНИТИВНО не требаше да излезиме со таа средина. Требаше Пирло, Видал и Асамоа да се одморат.Погба, Џакерини, Падоин, Мароне, Де Чеље ( последниов знам дека има две леви нозе, ама поодморен е од горенаведените ) требаа да го започнат натпреварот.Па побогу, не беа толку јаки Милан колку што беа очајни Јувентус, цело време со истите играчи играме. Да влезеа посвежите играчи, сигурно вадевме победа, или барем нерешено. Исла игра топло-ладно, незнам што му е проблемот.
Да ја пофалам целата одбрана, Барѕаљи и Бонучи вчера беа на ниво, одлично го затворија Ел Шарави и не дозволија некоја посебна закана да има по голот на Буфон. За Касерес,

човече, тој најмногу се залагаше на теренот, идеше на противничка половина, практично ораше на терен, иако тоа не му е природната позиција ( страна ) во одбраната. Незнам кој член викаше дека е пропаднат трансвер кога го земавме минатата зима. Човекот се гледа дека игра со срце за тимот.
За "пеналот" не коментирам, а богами не ни дигам паника. Ако мислат дека нешто Миланезине не заебале со тој потег, свака им част

. Што и да се случи, остануваме на врвот

што е добро, ние досега имавме право на кикс, другите немаа ( Милан заборавија што е тоа

). Идеме напред, и само да кажам дека Конте се враќа за 2 недели. Значи дуелот со Торино и Шахтјор ќе го поминеме некако, и потоа...
