Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Јас колку што знам овие Наполи беа во Серија Б со нас. Како на нив им успеа да се оправат а на на нас ни треба време. Не ми е јасно како може едно екипче како Наполи да се издигне а Јуве да тапка во место!!!

ALESIO SECO is the miracle that happend to Juventus, and thats the answer of all your questions starting with why juventus did not.....
 
ALESIO SECO is the miracle that happend to Juventus, and thats the answer of all your questions starting with why juventus did not.....
Работата е што каков играч и да купиме кај нас станува просек а во вакви нискокласни екипи игра добро и набива цена. Јас се кладам со кој сака дека ако ги купиме во пакет Маџо, Хамшик, Лавеци и Кавани кај нас нема да бидат ништо посебно.
 
Еден да купиме НЕ ама мислам дека цело паковање ако ги земеме ке функционираат
 
Да ти е грев да ги гледас, посебно Дел Пиеро и Буфон. Се мачат нашиве со секој допир на топката. Красиќ игра ко од Марс да е паднат, еден добар потег немаше. За одбраната немам зборови, сите се за во топ. Нека направи барем некои измени, нека влезе најдоброто засилување на Марота, Мартинез, за кого плативме 12 милиони евра, а ништо не покажа. Да не правиме муабет за 17 - те милиони за Бонучи.
 
Јас колку што знам овие Наполи беа во Серија Б со нас. Како на нив им успеа да се оправат а на на нас ни треба време. Не ми е јасно како може едно екипче како Наполи да се издигне а Јуве да тапка во место!!!

Наполи имаа „Проект“ (волшебниот збор) мирно градеа состав, а нашите се расфрлаа со пари. Наполи растеа, а ние се залажвавме со остатоците од големиот Јуве.

Патем да потенцирам дека Наполи игра со втор тим (Единствено Маџо и ДеСанктис се првотимци од она шо гледам)
 
Чим Келини има 10 гола сезонава дадено што сакаш повеќе.
 
кога гледам какви центаршутеви испраќа красич ме фаќа носталгија за молинаро
 
Значи ниеден играч од Јуве не може моментално да му се фати ни на малото ноктенце на Дел Пиеро ... АЛОООООО Човекот има неполни 37 на залезот на кариерата а 10000000 пати подобро игра од некои (читај СИТЕ) шупаци ....
 
Абе пародија чиста сме, Наполи ни игра со втор тим и ни вади 2-2, односно ние им вадиме. Кога имаа шанси за ЛШ не им се играше, сега кога немаа шанси за ништо пак не им се игра, да ги праша човек дали им се живее којзнае што ќе одговорат. Ми изгледаат ко докторот да им кажал дека имаат уште месец-два живот и сега немаат воља за ништо.
 
Кога ќе играат легендиве со манчестер?
 
Од 38 кола имаме 58 бода освоено :tapp:...ако не е сметана и оваа (забраив да видам) тоа би биле 59 бода.Неможевме ни 60 бода да освоиме сезонава.Мизерни 60 бода.Мислам дека просекот по утакмица ни е некаде околу 1,5 бода и тоа благодарение на тоа што првиот дел од сезоанта го изигравме добро.Од тогаш навака сме крш.
 
Кога ќе играат легендиве со манчестер?

Во Среда играат легендите со Манчестер,затоа беше изгледа и Монтеро на трибина.

immagineei.png

го прикажаа на неколку наврати,од фаца му се гледаше колку му е криво што вакви имбецили стигнаа да го носат славниот црно-бел дрес :kesa:
 
Единствена добра работа од сезонава, ако може така да се каже, е тоа што во следната сезона нема да има потреба да се замараме со лигата за второлигаши Европа лига...Тоа значи дека ќе има помалку натпревари, и ако се направи добра работа летово со трансфери и сите внесени промени профункционираат како што треба има шанси да се бориме за скудетото...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom